Разлика помеѓу преработките на „Шаблон:Featured“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с
 
(Не е прикажана една меѓувремена преработка од 2 корисници)
Ред 1: Ред 1:
[[Слика:Svetivasilijeostroski.jpg‎‎|thumb|Св. Василиј Острошки]]
+
'''Светлино тивка''' (цсл. „Све́те ти́хий“, ст.грч. „Φῶς Ἱλαρόν“, лат. „Lumen Hilare“) е едно од најраните христијански молитвословија од небиблиско потекло кое непрекинато се користи повеќе од 15 века на Вечерната богослужба.
'''Свети Василиј Острошки''', новојавен чудотворец и исцелител Острошки и Захумски, се родил во с. Мркоњиќ, Попово Поле во Хумската земја (денешна Херцеговина) на 28 декември 1610 година од благочестиви и верни родители, Петар и Анастасија. Уште како дете се одликувал со бистар ум, а со душата бил целосно насочен кон Бога. Доблестите и набожноста младиот Стојан (тоа му било световното име) ги научил дома, бидејќи во неговото семејство постојано се мислело на Бога и спасението на душата, многу повеќе отколку на материјалните и пропадливи нешта. И макар што неговото семејство било доста сиромашно, сѐ што имал бил учен да го сподели со другите, посебно кога како мало овчарче одел на пасење со другите деца. Уште како мал постел, се молел и редовно ги посетувал црковните богослужби.
 
Некои соседи, потурчени Срби, ги замразиле неговите родители, и таа омраза ја пренеле и врз нивното дете, поради неговата побожност. Тоа биле првите искушенија за младата душа, едно од првите со кои ќе треба да се справува низ целиот негов живот. За да го заштитат од непријателите, а и сакајќи да го описменат, неговите родители решиле да го испратат во најблискиот манастир, наречен Завала, посветен на Воведение на Пресвета Богородица, а во која игумен бил неговиот чичко Серафим. Манастирот бил познат низ цела Херцеговина и бил поприлично богат, и таму благоразумниот Стојан се поучувал со мудроста на [[Свето Писмо|Светото Писмо]] и светите отци, у душата му се распламтила во љубовта кон Бога, за прв пат јавувајќи се кај него желбата за замонашување. Во манастирот во Завала преподобниот останал некое време, и потоа заминал во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Тврдош, во Требињскиот крај кој бил седиште на истоимената епархија. Живеејќи во овој манастир, Стојан уште повеќе го засакал монашкиот живот и ги зголемил своите подвизи, затоа што посакал токму таму да го прими светиот и ангелски монашки чин. Целото време го минувал во пост, молитва и бдение, и во телесен труд. На замонашувањето, го прима името Василиј. Ова име му служело како патоказ за идното подвижништво и епископство, да се угледа на големиот црковен ереј [[Свети Василиј Велики|Василиј Велики]].
+
[[Молитва]]та „Светлино тивка“ за прв пат е забележана во Апостолските Установи кои датираат од доцниот трет и почетокот на четвртиот век по Христа. Сместена е во збирка на песнопенија за коишто авторот на Установите препорачува да се пеат наутро, навечер, пред јадење и при палењето на светилата. [[Свети Василиј Велики]] го спомнал ова молитвословие како дел од живото предание. Уште во негово време (средината и крајот на четвртиот век) оваа молитва се сметала за древна.
  
 +
Имено, според едно предание, на Гробот Христов во Ерусалим стоело постојано запалено кандило чија светлина ја символизирала живата Христова Светлина. Христијаните се собирале околу Гробот, а химната „Светлино тивка“ се пеела при изнесувањето на свеќа запалена од кандилото на гробот, чијшто пламен ја повикувал Црквата да Го слави Господа воскреснатиот. „Свете тихиј“ е првото целосно песнопение што може да се смета за такво во денешна смисла на зборот.
  
[[Свети Василиј Острошки|повеќе]]
+
Се верува дека свети Атиноген, кој се слави на 16 јули според стариот календар, а кој пострадал за време на диоклецијановите прогонства, на патот кон неговото губилиште ја испеал оваа песна. Иконата на којашто е прикажан овој светител ја доловува сцената на еден постар Епископ кој пее додека чека да биде погубен; раката на мачителот, пак, стои парализирана додека свештеномаченикот ја произнесува оваа последна своја молитва.
 +
 
 +
[[Светлино тивка|Повеќе]]

Последна преработка од 17:23, 4 февруари 2014

Светлино тивка (цсл. „Све́те ти́хий“, ст.грч. „Φῶς Ἱλαρόν“, лат. „Lumen Hilare“) е едно од најраните христијански молитвословија од небиблиско потекло кое непрекинато се користи повеќе од 15 века на Вечерната богослужба.

Молитвата „Светлино тивка“ за прв пат е забележана во Апостолските Установи кои датираат од доцниот трет и почетокот на четвртиот век по Христа. Сместена е во збирка на песнопенија за коишто авторот на Установите препорачува да се пеат наутро, навечер, пред јадење и при палењето на светилата. Свети Василиј Велики го спомнал ова молитвословие како дел од живото предание. Уште во негово време (средината и крајот на четвртиот век) оваа молитва се сметала за древна.

Повеќе