Разлика помеѓу преработките на „Шаблон:Featured“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с
с
 
(Не се прикажани 42 меѓувремени преработки од 2 корисници)
Ред 1: Ред 1:
[[Слика:It_is_truly_meet.JPG|thumb|Пресвета Богородица]]
+
'''Светлино тивка''' (цсл. „Све́те ти́хий“, ст.грч. „Φῶς Ἱλαρόν“, лат. „Lumen Hilare“) е едно од најраните христијански молитвословија од небиблиско потекло кое непрекинато се користи повеќе од 15 века на Вечерната богослужба.
'''Пресвета Богородица''' (грч. Θεοτόκος, Theotokos) е Богородица Секогашдева Богомајка Марија, мајка на Господ Исус Христос, Син Божји и Слово Божјо. Имолена од бездетни родители од Назарет, во неа се поврзале лозата кралска Давидова, по татко, и лозата свештеничка Аронова, по мајка. Затоа уште се вели и дека таа го родила Царот на царевите и Првосвештеникот, Господ и Бог наш Исус Христос.  
 
Науката што ја проповеда [[Православна Црква|Православната црква]] за личноста на пресвета дева Марија, се заснова на [[Свето Писмо|Светото Писмо]], ја објасниле светите отци - тие столбови на православието, а ја одредиле и засекогаш ја утврдиле светите вселенски собори.  
+
[[Молитва]]та „Светлино тивка“ за прв пат е забележана во Апостолските Установи кои датираат од доцниот трет и почетокот на четвртиот век по Христа. Сместена е во збирка на песнопенија за коишто авторот на Установите препорачува да се пеат наутро, навечер, пред јадење и при палењето на светилата. [[Свети Василиј Велики]] го спомнал ова молитвословие како дел од живото предание. Уште во негово време (средината и крајот на четвртиот век) оваа молитва се сметала за древна.
  
Науката на Православната црква за пресвета дева Марија се искажува во овие главни вистини: таа навистина е мајка на Господ Исус Христос и според тоа е Богородица; таа е секогашдева - до раѓањето, при раѓањето и по раѓањето, секогаш била и останала дева; таа е поголема од сите небесни сили и од сите светители, почесна е од херувимите и пославна од серафимите; таа е прва после Бога и пред Бога - наша застапничка и помошничка.  
+
Имено, според едно предание, на Гробот Христов во Ерусалим стоело постојано запалено кандило чија светлина ја символизирала живата Христова Светлина. Христијаните се собирале околу Гробот, а химната „Светлино тивка“ се пеела при изнесувањето на свеќа запалена од кандилото на гробот, чијшто пламен ја повикувал Црквата да Го слави Господа воскреснатиот. „Свете тихиј“ е првото целосно песнопение што може да се смета за такво во денешна смисла на зборот.
  
Дека пресвета дева Марија навистина е мајка на Господа Исуса Христа потврдуваат и апостолите и сите Православни христијани од сите векови и сите народи. Ова го докажуваат и сведоштвата на светите отци и црковните учители, го докажуваат песните и [[молитва|молитвите]], кои секогаш се читаат и пеат во црквите и неодречно го докажуваат и делата на вселенските собри.  
+
Се верува дека свети Атиноген, кој се слави на 16 јули според стариот календар, а кој пострадал за време на диоклецијановите прогонства, на патот кон неговото губилиште ја испеал оваа песна. Иконата на којашто е прикажан овој светител ја доловува сцената на еден постар Епископ кој пее додека чека да биде погубен; раката на мачителот, пак, стои парализирана додека свештеномаченикот ја произнесува оваа последна своја молитва.
  
[[Пресвета Богородица|повеќе]]
+
[[Светлино тивка|Повеќе]]

Последна преработка од 17:23, 4 февруари 2014

Светлино тивка (цсл. „Све́те ти́хий“, ст.грч. „Φῶς Ἱλαρόν“, лат. „Lumen Hilare“) е едно од најраните христијански молитвословија од небиблиско потекло кое непрекинато се користи повеќе од 15 века на Вечерната богослужба.

Молитвата „Светлино тивка“ за прв пат е забележана во Апостолските Установи кои датираат од доцниот трет и почетокот на четвртиот век по Христа. Сместена е во збирка на песнопенија за коишто авторот на Установите препорачува да се пеат наутро, навечер, пред јадење и при палењето на светилата. Свети Василиј Велики го спомнал ова молитвословие како дел од живото предание. Уште во негово време (средината и крајот на четвртиот век) оваа молитва се сметала за древна.

Повеќе