Разлика помеѓу преработките на „Шаблон:Featured“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с
Ред 1: Ред 1:
[[Image:Schmemann_and_Solzhenitsyn.jpg|left|thumb|250px|Матушка Јулијана, отец Александар и Александар Солженицин]]
+
[[Image:Zizioulas1.jpg|right|thumb|200px|Митрополит Јован Пергамски]]
'''Протопрезвитер Александар Шмеман''' (13 мај 1921 - 13 декември 1983) е истакнат православен свештеник, богослов, професор и писател на 20 век.
+
'''Јован Зизиулас''' (р. 1931 год.) е современ богослов и титуларен Митрополит Пергамски на Вселенската Патријаршија на Константинопол.
  
Отец Александар Шмеман е роден во Естонија, во семејство на руски имигранти. Неговото семејство се преселило во Франција, каде што се школувал. Се оженил со Јулијана Осоргун во 1943 година, пред да ги заврши богословските студии на Православниот богословски институт Св. Сергиј во Париз, и бил ракоположен за свештеник во 1946 година.
+
Митрополитот Јован е роден на 10 јануари 1931 година. Своите студии ги започнал на Солунскиот Универзитет, додека богословското образование го стекнал на Атинскиот Универзитет во 1955 година. Неговите патролошки студии продолжиле под менторство на отец [[Георгиј Флоровски]] во Харвард, дека што и магистрирал, за подоцна да го стекне докторатот во Атина, во 1965 година. Цели 14 години бил богословски професор на Универзитетите во Глазгов и Единбург, а независен професор бил на универзитетите во Женева, Григоријанскиот универзитет и Кралскиот Колеџ во Лондон. Во Епископски чин е хиротонисан на 22 јуни 1986 година.
  
Од 1946 до 1951 година, о. Александар предавал Црковна историја на Св. Сергиј. Во 1951, бил поканет во богословијата Св. Владимир во Њујорк, каде што предавал од 1851 година, сѐ до крајот на животот. Од 1962 година бил и декан на богословијата. Исто така, бил и соработник - професор на Универзитетот Колумбија, Њујорк Универзитетот, Унијата на богословии и Генералната богословија во Њујорк. Неговиот главен фокус во Св. Владимир било литургиското богословие, кое посебно внимание придава на литургиското предание на Црквата како главен знак и израз на христијанската вера. Се здобил и со протопрезвитерски чин. Му биле доделени почесни докторати од Батлер Универзитетот, колеџот Лафајет, Ајона колеџот и Грчката православна богословија „Свет Крст“. Бил православен набљудувач на Вториот ватикански собор на Римо-католичката Црква од 1962 до 1965 година.  
+
Влијанието на богословската мисла на Митрополитот Јован ги одбележа последните децении на 20 век. Неговата компилација на богословски студии „Битието како заедничарење“ издадена во 1985 година според многумина е книгата која го одбележала доцниот 20 век.
  
Во 1970 година зел активно учество во востановувањето на Православната Црква во Америка, која во тоа време целосно се издвои од Руската Православна Црква, иако нејзината автокефалија не била целосно признаена. Неговите беседи биле емитувани на руски јазик преку Радио Слобода преку 30 години. Се стекнал со широка публика во Советскиот Сојуз, вклучувајќи го [[Александар Солженицин]], кој после неговото емигрирање на Запад станал негов пријател.  
+
Главните теми во делата на Јован Пергамски се слободата и личноста, како човечка, така и божја. Засновајќи ја својата мисла на Кападокиските Отци и богословието на Максим Исповедник, ја дефинира својата личносна и односна онтологија во која ниту унитарноста, ниту плуарлноста немаат приоритет. Во неговата „Битието како заедничарење“ се осврнува на важноста на заедничарењето за личноста, додека во „Заедничарење и различност“ нуди комплементарна анализа на значењето на различноста во заедничарењето. На тој начин го третира древниот философски проблем на надминувањето на Едниот и Многуте, кој го гледа низ призма на Бога (Трите Ипостаси во Троица и „монархијата“ на Отецот), човечноста (богословска антропологија) и Црквата (еклисиологија). Неговата богословска мисла ја разгледува и есхатолошката онтологија која ја извлекува од делата на св. Максим Исповедник, за кого вистинската онотологија е есхатолошката, односно вистински реално е она нешто кое е реално и во есхатонот.
[[Александар Шмеман|повеќе]]
+
[[Јован Пергамски (Зизиулас)|повеќе]]

Преработка од 09:34, 17 септември 2010

Митрополит Јован Пергамски

Јован Зизиулас (р. 1931 год.) е современ богослов и титуларен Митрополит Пергамски на Вселенската Патријаршија на Константинопол.

Митрополитот Јован е роден на 10 јануари 1931 година. Своите студии ги започнал на Солунскиот Универзитет, додека богословското образование го стекнал на Атинскиот Универзитет во 1955 година. Неговите патролошки студии продолжиле под менторство на отец Георгиј Флоровски во Харвард, дека што и магистрирал, за подоцна да го стекне докторатот во Атина, во 1965 година. Цели 14 години бил богословски професор на Универзитетите во Глазгов и Единбург, а независен професор бил на универзитетите во Женева, Григоријанскиот универзитет и Кралскиот Колеџ во Лондон. Во Епископски чин е хиротонисан на 22 јуни 1986 година.

Влијанието на богословската мисла на Митрополитот Јован ги одбележа последните децении на 20 век. Неговата компилација на богословски студии „Битието како заедничарење“ издадена во 1985 година според многумина е книгата која го одбележала доцниот 20 век.

Главните теми во делата на Јован Пергамски се слободата и личноста, како човечка, така и божја. Засновајќи ја својата мисла на Кападокиските Отци и богословието на Максим Исповедник, ја дефинира својата личносна и односна онтологија во која ниту унитарноста, ниту плуарлноста немаат приоритет. Во неговата „Битието како заедничарење“ се осврнува на важноста на заедничарењето за личноста, додека во „Заедничарење и различност“ нуди комплементарна анализа на значењето на различноста во заедничарењето. На тој начин го третира древниот философски проблем на надминувањето на Едниот и Многуте, кој го гледа низ призма на Бога (Трите Ипостаси во Троица и „монархијата“ на Отецот), човечноста (богословска антропологија) и Црквата (еклисиологија). Неговата богословска мисла ја разгледува и есхатолошката онтологија која ја извлекува од делата на св. Максим Исповедник, за кого вистинската онотологија е есхатолошката, односно вистински реално е она нешто кое е реално и во есхатонот. повеќе