Разлика помеѓу преработките на „Шаблон:Featured“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с
Ред 1: Ред 1:
[[Image:Maximus.jpg|right|frame|Свети Максим Исповедник]]'''Преподобен Максим Исповедник''' е еден од врвните византиски теолози и свети философи на Црквата, творец на широкиот теолошки систем кој ја сумблимира христијанската мисла од [[Ориген]] до [[псевдо-Дионисиј Ареопагит]], дефинирајќи ги границите на хеленското неоплатонистичко влијание, како она на Плотин и Прокло. Неговата исклучителна слава во црковната историја е изградена врз неизморната и енергична борба против монотелитската ерес. Црквата високо го почитува овој философ на Православието, и неговиот спомен се празнува на 3 февруари (21 јануари), а преносот на неговите свети мошти - на [[26 август]].
+
'''Велигденски пост''', односно Великиот пост е периодот од четириесет подготвителни денови за [[Страстна седмица]] и [[Пасха]]. Во Посниот Триод се сместени светите богослужби за време на Великиот пост, како и подготвителните недели кои му претстојат. Светата Четириесетница е востановена во чест и спомен на Страдањата и Воскресението на [[Господ Исус Христос]].  
  
Преподобен Максим Исповедник се родил во Константинопол околу 580 година и израснал во благочестиво христијанско семејство. Во младоста добил широко образование: ја изучил философијата, граматиката, риториката, бил начитан од древните автори и совршено ја владеел богословската диалектика. Кога Преподобен Максим стапил на државна служба, знаењата и добросовестноста му овозможиле да стане прв секретар на императорот Ираклиј (611 - 641). Но, дворскиот живот го оптоварувал и тој се оддалечил во Хрисополската обител /[[манастир]]/ (на спротивниот брег на Босфор – сега Скутари), каде што примил монашки постриг. Со своето смиреномудрие тој набргу ја стекнал љубовта од браќата и бил избран за [[игумен]] на манастирот, но и во тој чин, според својата необична скромност, тој бил, според неговите зборови, „останувајќи прост [[монах]]”. Во 633 г. по барање на еден богослов – идниот светител, Ерусалимскиот Патријарх Софрониј, Преподобен Максим ја оставил обителта и заминал во Александрија.
+
Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крстени токму на Пасха; оваа првична цел и значење била проширена уште во првите векови, со што и христијаните земале учество во овој пост, со цел да се подготват за Христовото Воскресение. Овој пост е символ на човечковиот живот, кој својата полнота ја доживува во воскресението од мртвите преку Христа и во Христа. Во овој пост Црквата ги повикува своите чеда на засилено покајание и молитва, очистување на умот, срцата, душите и телата и творење на добри дела во подвигот на љубовта, Христа ради.
  
Свети Софрониј станал познат во тоа време како непомирлив противник монотелитската ерес. Потоа, откако IV Вселенски Собор (451 г.) ги осудил монофизитите, кои исповедале една (Божествена) природа во Господа Исуса Христа, еретиците - монотелити го вовеле поимот една Божествена волја и едно (Божествено) дејствување, што водело кон признавање на отфрленото монофизитско лажно учење. Монотелитството нашло многубројни следбеници во Ерменија, Сирија, Египет. Ереста, засилена со национална омраза, станала сериозна опасност за црковното единство на Истокот.  
+
За време на Великиот пост, верните го ограничуваат внесувањето на храна, ја засилуваат домашната и заедничка молитва, се трудат да се каат и да прават добри дела. Внесувањето на храна е ограничено на растенија кои се приготвуваат без употреба на масло. Месото и млечните прозиводи, виното и маслото не се користат во исхраната. Бидејќи строгиот пост е строго канонски забранет во сабота и недела, масло и вино се употребуваат во тие два дена (освен на Велика Сабота). Риба се употребува само на Благовештение и Цветници (Врбица). Ако Благовештение се падне пред Цветници, тогаш на денот на Благовештение се разрешува на масло и вино.  
[[Преподобен Максим Исповедник|повеќе]]
+
 
 +
[[Велигденски пост|повеќе]]

Преработка од 08:12, 17 февруари 2010

Велигденски пост, односно Великиот пост е периодот од четириесет подготвителни денови за Страстна седмица и Пасха. Во Посниот Триод се сместени светите богослужби за време на Великиот пост, како и подготвителните недели кои му претстојат. Светата Четириесетница е востановена во чест и спомен на Страдањата и Воскресението на Господ Исус Христос.

повеќе