Разлика помеѓу преработките на „Шаблон:Featured“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ред 1: Ред 1:
[[Image:Pantokrator of Sinai.jpg|right|frame|[[Господ Исус Христос]]]]
+
[[Image:Nativity.jpg|right|frame|Рождество на Господ Исус Христос]]
'''Православието''' (грч: Ορθοδοξία) е животот во полнотата на вистината на Православната вера, оригинален и непроменет облик на Христијанство, вера која „''еднаш е предадена на светите''“ (Јуда 3,1), и која живее преку [[Свето Предание|Светото Предание]], непроменливо, а сепак динамично. [[Апостол]]ската вера е основниот критериум на Православното учење, а историјата на Православието започнува со историјата на Христијанството, односно со настаните помеѓу [[Вознесение Христово|Вознесението]] и [[Педесетница]]та, со која е означен и почетокот на Новозаветната Црква (грч. εκκλησία).
+
'''Рождество на Господ Исус Христос''', или кратко - '''Рождество Христово''' е еден од најголемите Христови празници на Светата [[Православна Црква]], кое се слави на 25 декември (7 јануари). Во целовременоста на Своето постоење, нашиот [[Господ Исус Христос]] беше роден, воплотен од [[Светиот Дух]] и Пресвета и Вечнодева [[Пресвета Богородица|Богородица Марија]], откривајќи му се на човештвото. Според [[Свето Писмо|Светото Писмо]] и [[Свето Предание|Светото Предание]], Христос беше роден пештера во Витлеем, меѓу пастири. Во тоа време пристигнаа тројцата мудреци од Исток, водени со чудесна ѕвезда, со своите дарови: злато, ливан и измирна. Тие на Младенецот Му се поклонија како на Цар над царевите и Го даруваа со своите дарови (Матеј 2).
  
Пресвета Троица, Света Троица (грч. Αγία Τριάδα) е Единиот Бог во Три Лица. Православното учење за Света Троица не е само догматски канон или теолошка област за разгледување, туку и основното изрично учење за неискажливата и несфатлива љубов на Трите [[Ипостас]]и: Отец, Син и Свет Дух, Кои се творечка сепричина, извир, темел и центар на постоењето на сѐ што постои. Догмата за божеството на Троица е дефиниран на Вториот вселенски собор (Константинопол, 381 година) во првиот член (Отец), од вториот до осмиот член (Син) и во осмиот (Светиот Дух) член на Никео-Цариградскиот Символ на верата.
+
Христовото раѓање го викаме и Божик. Во утробата на Пресвета Богородица Марија, Синот Божји, Логосот, ја прими нашата човечка природа, стана тело. Оваа Божја посета и милост и љубов кон нас, луѓето, ја нарекуваме Овоплотување. На овој начин се исполнува пророштвото дека ''«И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануил, што значи: со нас е Бог!»'' (Иса. 7,14).  
  
Христологијата (грч. Χριστόλόγια, од Χριστός - Помазаник; λόγος - наука) е област, односно една од поважните гранки на Православната теологија и догматика која се занимава со проучување на Втората Ипостас на Света Троица - Синот Божји, Христос Логосот; христологијата е сублимирано догматско учење за двете природи во едната Ипостас на Господ Исус Христос, кое е формулирање на Првиот (Никеа, 325), Четвртиот (Халкидон, 451) и Шестиот (цариград, 680) вселенски собор, преку синтеза на новозаветните податоци и патристичкото богословие. Во ранохристијанскиот период, борбата околу вистинското разбирање на Личноста на Исус Христос се одвивала помеѓу учењето на Црквата и различните еретички учења кои на разни начини се обидувале да навлезат во Црквата.
+
Божик е празнување на спасението на светот извршено преку Синот Божји, Којшто поради нас постана човек, и преку Кого ние самите можеме да постанеме синови на Бога Отецот, преку присуството на Светиот Дух во нас. Поради сето ова, Божик е празник на радоста и љубовта. Тој заради Својата неизмерна љубов и човекољубие дојде за да нѐ обогати и обожи; така и ние треба да се свртиме кон ближните и да ги обогатиме со својата љубов и добрина. Како што Христос, доброволно се осиромаши за нас, и ние треба да тргнеме по тој пат. Во тој дух на радост, љубов и сиромаштво, треба да се празнува овој навистина голем празник. Но исто така, Божик е и празник на мирот. Во нас треба да се всели Христовиот мир и да помогнеме да го шириме меѓу луѓето. Од овој настан во историјата на човештвото започнува новата, наша Христијанска ера и броењето на годините.  
  
[[Вовед во Православие|повеќе]]
+
[[Рождество Христово|повеќе]]

Преработка од 00:03, 30 декември 2009

Рождество на Господ Исус Христос

Рождество на Господ Исус Христос, или кратко - Рождество Христово е еден од најголемите Христови празници на Светата Православна Црква, кое се слави на 25 декември (7 јануари). Во целовременоста на Своето постоење, нашиот Господ Исус Христос беше роден, воплотен од Светиот Дух и Пресвета и Вечнодева Богородица Марија, откривајќи му се на човештвото. Според Светото Писмо и Светото Предание, Христос беше роден пештера во Витлеем, меѓу пастири. Во тоа време пристигнаа тројцата мудреци од Исток, водени со чудесна ѕвезда, со своите дарови: злато, ливан и измирна. Тие на Младенецот Му се поклонија како на Цар над царевите и Го даруваа со своите дарови (Матеј 2).

Христовото раѓање го викаме и Божик. Во утробата на Пресвета Богородица Марија, Синот Божји, Логосот, ја прими нашата човечка природа, стана тело. Оваа Божја посета и милост и љубов кон нас, луѓето, ја нарекуваме Овоплотување. На овој начин се исполнува пророштвото дека «И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануил, што значи: со нас е Бог!» (Иса. 7,14).

Божик е празнување на спасението на светот извршено преку Синот Божји, Којшто поради нас постана човек, и преку Кого ние самите можеме да постанеме синови на Бога Отецот, преку присуството на Светиот Дух во нас. Поради сето ова, Божик е празник на радоста и љубовта. Тој заради Својата неизмерна љубов и човекољубие дојде за да нѐ обогати и обожи; така и ние треба да се свртиме кон ближните и да ги обогатиме со својата љубов и добрина. Како што Христос, доброволно се осиромаши за нас, и ние треба да тргнеме по тој пат. Во тој дух на радост, љубов и сиромаштво, треба да се празнува овој навистина голем празник. Но исто така, Божик е и празник на мирот. Во нас треба да се всели Христовиот мир и да помогнеме да го шириме меѓу луѓето. Од овој настан во историјата на човештвото започнува новата, наша Христијанска ера и броењето на годините.

повеќе