Разлика помеѓу преработките на „Шаблон:Featured“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с
Ред 1: Ред 1:
[[Image:Relics.jpg|frame|200px|Повеќе мошти положени пред [[Плаштеница]]]]
+
 
'''Свети мошти''' (грч: Αγια λείψανα) се земни остатоци од светителските тела, одуховени плотски пребивалишта Божји; тие се осведочени храмови на Светиот Дух, во облик цело тело, дел на телото или честица (честицата произлегува од поранешниот обичај на зарделување на моштите со цел што повеќе верници да ги видат, допрат и целиваат, како и поради нивното поставање на Чесната трпеза и антимисот, и поради верувањето во нивната апотропејска, заштитничка моќ). Најчесто, но е нужно, се чуваат во кивот. Како предмет на венерација, почитување во црквата, со посебно внимание се чувале во текот на историјата.  
 
Преработка од 08:06, 31 август 2009

Свети мошти (грч: Αγια λείψανα) се земни остатоци од светителските тела, одуховени плотски пребивалишта Божји; тие се осведочени храмови на Светиот Дух, во облик цело тело, дел на телото или честица (честицата произлегува од поранешниот обичај на зарделување на моштите со цел што повеќе верници да ги видат, допрат и целиваат, како и поради нивното поставање на Чесната трпеза и антимисот, и поради верувањето во нивната апотропејска, заштитничка моќ). Најчесто, но е нужно, се чуваат во кивот. Како предмет на венерација, почитување во црквата, со посебно внимание се чувале во текот на историјата.

Словенскиот збор „мошти“ е именка во можнина, изведена од прасловенскиот глагол „да можеш“; оттука, зборот „мошти“ може да се гледа во двојна форма и значење: како именка - моќ, (со множинска форма - моќи), и како глагол - да можеш (можи, моќи). Од самиот назив се дознава и значењето - моштите се извор на исцеление, на посебно пројавување на Божјата моќ. Затоа односот кон нив е пропратен со целивање, поклони и молитви.

Преку телото кое целосно, или некои определени делови, не подлегнало на физичките и хемиски закони на распаѓње на материјата, се појавуваат надпиродните Божји дејства, како продолжување на спасителниот богочовечки однос после успението на определен светител. Се разботи за Божји благодатни сили (ενεργεία) кои во светот на видливата стварност се манифестираат преку светителските телесни остатоци. Моштите, како тело кое не подлежи на природно растаѓање претставуваат претходно сведоштво за бесмртноста на личноста и предзнак на воскресението во идниот век и свет. Од времето на Седмиот вселенски собор, во антимисот се вшивува честица од светите мошти.

повеќе