Разлика помеѓу преработките на „Шаблон:Featured“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с
Ред 1: Ред 1:
[[Image:Pantokrator of Sinai.jpg|thumb|right|200pxl|Господ Исус Христос]]
+
[[Image:Zosimas and Mary of Egypt.jpg|right|frame|Св. Зосим и Марија Египетска]]
  
'''Господ Исус Христос''' е Син Божји и Логос, втората личност на Света Троица. Кога дојде штом се исполни времето и „се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева”, како Богочовек со Страдањата и Воскресението го спаси човечкиот род од гревот, пропадливоста и духовната смрт. Името „Исус” (грчки: Ιησούς, лат: Jesus) доаѓа од еврејското име Jeshua, скратен облик на Jehoshua. Ова име е составено од божественото име Yahweh (Јахве) во скратен облик „Yah- Yeho” и „shua”, односно: „Јахве е спасението.” Придавката „Христос” произлегува од „χρίω” = „помазува, облива” и е еквивалент на еврејскиот збор „Masiah”. Во Стариот Завет израилските цареви и првосвештеници се помазувани со осветено масло кога примале некоја служба, па затоа биле нарекувани " Господови помазаници" (Зах. 4,14). Во поширока смисла, Месија - Помазаник е Оној кому Бог Му ја доверил мисијата да го ослободи избраниот народ и Кго Евреите го очекували на крајот на вековиете. Името Исус Христос е првото исповедање на христијанската вера (Флп. 2,5-11), за во Исус од Назарет да се познае Месијата, Синот Божји, Господ и Спасител: "И секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ за слава на Бог Отецот" (Флп. 2,11). Во своето исповедања кај Кесарија Филипова, Петар го познал Месијата - Христос во Јошуа - Исус од Назарет: „Ти си Христос, Синот на живиот Бог” (Мт. 16,16). Самиот Исус се поистоветува Себе со Господовиот Помазаник - Месијата, Кого Господовиот Дух го помазал да го проповеда спасението (Лк. 4,18; Дела 4,26-27). Синедрионот Го испраќа Исус кај Пилат со обвинение дека Себе се смета за Месијата. Исус бил и распнат како Месија; "Христос, цар Израилев" (Мк. 15,32).
+
'''Света Марија Египетска''', е пустински аскет, преку чиј живот [[Православна Црква|Црквата]] ни го искажува искреното покајание и неискажаното Божјо човекољубие кон оние кои искрено сакаат да се откажат од своите гревови. Црквата го празнува нејзиниот спомен на денот на нејзиното упокојување, 14 април (1 април ст.ст.), но дополнително се празнува и во Неделата на света Марија Египетска, односно петтата недела од Великиот [[пост]]. Марија Египетска во својот живот соединила и пројавила две крајности - бездната на гревовите и височината на побожноста и добродетелите. Во својата младост, заробена и соблазнета од порокот, седумнаесет години поминала во грев, но со силата на Божјата благодат, како заблудената овца, повторно се вратила во Црквата. На повикот од Црквата, Марија, која не внимавала на Божјите заповеди и која го помрачила во себе Божиот образ, по Божја промисла повторно благодатно се обновила. Живеела во шестиот век после Христа, и чудесно се упоколила во 522 година.  
  
[[Господ Исус Христос|повеќе]]
+
[[Света Марија Египетска|повеќе]]

Преработка од 19:34, 1 април 2009

Св. Зосим и Марија Египетска

Света Марија Египетска, е пустински аскет, преку чиј живот Црквата ни го искажува искреното покајание и неискажаното Божјо човекољубие кон оние кои искрено сакаат да се откажат од своите гревови. Црквата го празнува нејзиниот спомен на денот на нејзиното упокојување, 14 април (1 април ст.ст.), но дополнително се празнува и во Неделата на света Марија Египетска, односно петтата недела од Великиот пост. Марија Египетска во својот живот соединила и пројавила две крајности - бездната на гревовите и височината на побожноста и добродетелите. Во својата младост, заробена и соблазнета од порокот, седумнаесет години поминала во грев, но со силата на Божјата благодат, како заблудената овца, повторно се вратила во Црквата. На повикот од Црквата, Марија, која не внимавала на Божјите заповеди и која го помрачила во себе Божиот образ, по Божја промисла повторно благодатно се обновила. Живеела во шестиот век после Христа, и чудесно се упоколила во 522 година.

повеќе