Разлика помеѓу преработките на „Шаблон:Featured“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с
Ред 1: Ред 1:
[[Слика:Svetivasilijeostroski.jpg‎‎|thumb|Св. Василиј Острошки]]
+
[[image:Johnkronstadt.jpg|thumb|right|Свети Јован Кронштатски]]
'''Свети Василиј Острошки''', новојавен чудотворец и исцелител Острошки и Захумски, се родил во с. Мркоњиќ, Попово Поле во Хумската земја (денешна Херцеговина) на 28 декември 1610 година од благочестиви и верни родители, Петар и Анастасија. Уште како дете се одликувал со бистар ум, а со душата бил целосно насочен кон Бога. Доблестите и набожноста младиот Стојан (тоа му било световното име) ги научил дома, бидејќи во неговото семејство постојано се мислело на Бога и спасението на душата, многу повеќе отколку на материјалните и пропадливи нешта. И макар што неговото семејство било доста сиромашно, сѐ што имал бил учен да го сподели со другите, посебно кога како мало овчарче одел на пасење со другите деца. Уште како мал постел, се молел и редовно ги посетувал црковните богослужби.
+
'''Свети праведен Јован Кронштатски''' е роден на 19 октомври 1829 година во Сур, Архангелска губернија, во богоугодно руско семејство од родители Илија и Теодора. Од 1855 година служел како свештеник во храмот на светиот апостол Андреј Првоповикан во Кронштат. Токму таму и започнал да ги врши делата на милосрдие по кои и многу се прославил. Бил прославен и почитуван уште во времето на неговото претставување пред Бога. Канонизиран е од Руската Задгранична Православна Црква во 1964 година, и во 1990 година од Руската Православна Црква. Вториот по големина манастир во Санкт Петерзбург е посветен на овој светител. Неговиот спомен се празнува на 20 декември, односно 2 јануари.
  
За да го заштитат од непријателите кои ги имале, а и сакајќи да го описменат, неговите родители решиле да го испратат во најблискиот манастир, наречен Завала, посветен на Воведение на Пресвета Богородица, а во која игумен бил неговиот чичко Серафим. Таму благоразумниот Стојан се поучувал со мудроста на [[Свето Писмо|Светото Писмо]] и светите отци, во душата му се распламтила во љубовта кон Бога, за прв пат јавувајќи се кај него желбата за замонашување. Во манастирот во Завала преподобниот останал некое време, и потоа заминал во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Тврдош. Живеејќи во овој манастир, Стојан уште повеќе го засакал монашкиот живот и ги зголемил своите подвизи, затоа што посакал токму таму да го прими светиот и ангелски монашки чин. Целото време го минувал во пост, молитва и бдение, и во телесен труд. На замонашувањето, го прима името Василиј. Ова име му служело како патоказ за идното подвижништво и епископство, да се угледа на големиот црковен ереј [[Свети Василиј Велики|Василиј Велики]].
+
Повеќе од 300 години неговите предци биле свештеници во тој крај. Неговото семејство секогаш се грижело за духовната странана животот и важело како едно од најправославните христијански семејства во селото Сура. Свети Јован, како дете ништо не го влечело кон детските игри, па за време на празниците се шетал низ шумичката и со задоволство ги гледал растенијата и животните. Нему уште поблиску му биле Господ и Црквата, бидејќи од најрано детство родителите го воделе во храм на молитва. Сеќавајќи се на тоа време, подоцна пишува: „Сакав да се будам навечер за молитва... кога сите спиеја, кога е тишина. Најмногу и најчесто се молев на Бога да ми ја подари светлината на разумот за утеха на моите родители.“ Детството во родителскиот дом и годините на богословско учење ги поминал во голема сиромаштија. Светото Евангелие на Црковнословенски јазик го водело низ неговиот живот, посебно низ младоста и студиите, за што подоцна и самиот посведочи пред една игуманија. Оттука се запишал во местото Архангелск. Во 1851 година, свети Јован завршил богословија и како најдобар ученик бил испратен на Духовната академија. Во Петроград свети Јован бива ракоположен за свештеник и е испратен на служба да му помага на неговиот дедо во Кронштат.
  
[[Свети Василиј Острошки|повеќе]]
+
Подоцна, ја презел службата како млад свештеник во таа област.
 +
 
 +
[[Свети Јован Кронштатски|повеќе]]

Преработка од 19:51, 16 октомври 2008

Свети Јован Кронштатски

Свети праведен Јован Кронштатски е роден на 19 октомври 1829 година во Сур, Архангелска губернија, во богоугодно руско семејство од родители Илија и Теодора. Од 1855 година служел како свештеник во храмот на светиот апостол Андреј Првоповикан во Кронштат. Токму таму и започнал да ги врши делата на милосрдие по кои и многу се прославил. Бил прославен и почитуван уште во времето на неговото претставување пред Бога. Канонизиран е од Руската Задгранична Православна Црква во 1964 година, и во 1990 година од Руската Православна Црква. Вториот по големина манастир во Санкт Петерзбург е посветен на овој светител. Неговиот спомен се празнува на 20 декември, односно 2 јануари.

повеќе