Разлика помеѓу преработките на „Шаблон:Featured“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ред 1: Ред 1:
[[Слика:Sv_Klimet_Ohridski.jpg|thumb|Свети Климент Охридски|right]]
+
[[Слика:Transfiguration.jpg|thumb|Преображение Господово|right]]
'''Свети Климент Охридски''' е најдаровитиот ученик на рамноапостолните сесловенски браќа Кирил и Методиј. Живеел во втората половина на IX век и првата четвртина на X век. Со своите уши тој ги слушал нивните божествени евангелски зборови и со своите очи ги гледал нивните богоозарени ликови и евангелски дела. Свети Климент е закрилник и патрон на Македонската православна црква и македонскиот народ низ целата негова историја.  
+
Празникот Преображение на Господ Исус Христос се слави секоја година на 19 август, односно 6 август. На овој ден се прославува преображението (metamorphosis) на Христос на Тавор, кога Господ Се појави во сета Негова слава пред апостолите Петар, Јаков и [[Свети Јован Богослов|Јован]].
  
Свети Климент се родил околу 840 година некаде во Македонија. Некои историчари сметаат дека се родил во Солун, или во неговата околина, а тоа го поврзуваат со фактот дека уште како млад бил повикан од Светите браќа Кирил и Методија во нивната мисија (што значи дека најверојатно живеел во нивна близина). Заедно со светите браќа отпатувал во Панонија и Моравија, каде живо учестувал во мислијата за словенска богослужба и словенско Православие. Бил еден од истакнатите учители на младенците од Моравија и Панонија, кои се подготувале за свештеници и ѓакони. По смртта на своите свети учители, под притисок на Германците, а по Божја промисла, заедно со другите ученици (Горазд, Наум, Сава и Ангелариј - заедно наречени Петочисленици од Моравија тргнале на југ, како гостин при кнезот [[свети Борис Михаил]] и потоа дошол во охридскиот крај, за да го учи својот народ на божјите вистини. Таму св. Климент прво основал [[манастир]] во Белица, кај што му било и првото епископско седиште. Подоцна се преселил во Охрид и оттаму развил голема архипастирска и просветителска дејност за целата поблиска и подалечна околина. Неуморно одел од село до село, од град до град и на разбирлив народен јазик со своите боговдахновени проповеди го разгонувал мракот од умот и срцата на своите сонародници.
+
Во три од четирите Евангелија се говори за овој настан: Матеј 17,1-9, Марко 9,2-8 и Лука 9,28-36. За да не ослабе верата на апостолите со Неговото страдање кое претстоело, и за Неговите ученици да не отпаднат од Него, Господ Исус Христос сакал да им покаже барем дел од Својата божествена слава. Преображение на Господ Исус Христос се нарекува настанот преку кој Тој, Премудроста, им посведочил за ова. Затоа ги зел со Себе Петар, Јаков и Јован и излегол со нив ноќе на гората Тавор и таму се преобразил пред нив. И заблескало лицето Негово како сонце, а облеката му побелела како снег, а покрај Него се појавиле старозаветните пророци Мојсеј и Илија.
  
[[Свети Климент Охридски|повеќе]]
+
Апостолите, восхитени, не знаеле што да прават. И, како што се запишано во [[Свето Писмо|Светото Писмо]], Петар Му се обратил на Христа и Му рекол: „Господи, добро ни е да бидеме овде; ако сакаш да направиме три сеници: една за Тебе, за Мојсеј една, а една за Илија.“ Но додека Петар уште говорел, се оддалечиле Мојсеј и Илија и сјаен облак ги опфатил Господ и учениците и дошол глас од небото: „Овој е Мојот возљубен Син, Него послушајте Го.“ Откако го слушнаале овој глас учениците паднале земјата како мртви и останале така додека Господ не им пришол и им рекол: „Станете и не бојте се“ (Матеј 17).
 +
 
 +
На [[икона]]та на празникот Преображение, Христос е централен лик, појавувајќи се со доминантна поставеност во кружна мандорла. Се наоѓа јасно во визулениот и богословскиот центар на иконата. Десната рака Му е крената и со неа благословува, а во левата држи завиткан лист. Мандорлата, со сјајните нијанси на бела, златна и сина ја претставува божјата слава и светлина. Ореолот околу Христовата глава е испишан со зборовите O on, со значење „Оној Кој Е“. Свети пророк Илија и Мојсеј се поставени на два посебни висини, лево и десно од Христос. Се поклонуваат пред Него, со десната рака подадена кон Него, како гест на застапување и потврдување. Како што учи свети Јован Златоуст, на оваа икона се насликани токму тие двајца, за да ги символизираат Законот (Мојсеј) и Пророците (Илија), живите и мртвите.
 +
 
 +
[[Преображение на Господ Исус Христос|повеќе]]

Преработка од 15:42, 15 август 2008

Преображение Господово

Празникот Преображение на Господ Исус Христос се слави секоја година на 19 август, односно 6 август. На овој ден се прославува преображението (metamorphosis) на Христос на Тавор, кога Господ Се појави во сета Негова слава пред апостолите Петар, Јаков и Јован.

Во три од четирите Евангелија се говори за овој настан: Матеј 17,1-9, Марко 9,2-8 и Лука 9,28-36. За да не ослабе верата на апостолите со Неговото страдање кое претстоело, и за Неговите ученици да не отпаднат од Него, Господ Исус Христос сакал да им покаже барем дел од Својата божествена слава. Преображение на Господ Исус Христос се нарекува настанот преку кој Тој, Премудроста, им посведочил за ова. Затоа ги зел со Себе Петар, Јаков и Јован и излегол со нив ноќе на гората Тавор и таму се преобразил пред нив. И заблескало лицето Негово како сонце, а облеката му побелела како снег, а покрај Него се појавиле старозаветните пророци Мојсеј и Илија.

Апостолите, восхитени, не знаеле што да прават. И, како што се запишано во Светото Писмо, Петар Му се обратил на Христа и Му рекол: „Господи, добро ни е да бидеме овде; ако сакаш да направиме три сеници: една за Тебе, за Мојсеј една, а една за Илија.“ Но додека Петар уште говорел, се оддалечиле Мојсеј и Илија и сјаен облак ги опфатил Господ и учениците и дошол глас од небото: „Овој е Мојот возљубен Син, Него послушајте Го.“ Откако го слушнаале овој глас учениците паднале земјата како мртви и останале така додека Господ не им пришол и им рекол: „Станете и не бојте се“ (Матеј 17).

На иконата на празникот Преображение, Христос е централен лик, појавувајќи се со доминантна поставеност во кружна мандорла. Се наоѓа јасно во визулениот и богословскиот центар на иконата. Десната рака Му е крената и со неа благословува, а во левата држи завиткан лист. Мандорлата, со сјајните нијанси на бела, златна и сина ја претставува божјата слава и светлина. Ореолот околу Христовата глава е испишан со зборовите O on, со значење „Оној Кој Е“. Свети пророк Илија и Мојсеј се поставени на два посебни висини, лево и десно од Христос. Се поклонуваат пред Него, со десната рака подадена кон Него, како гест на застапување и потврдување. Како што учи свети Јован Златоуст, на оваа икона се насликани токму тие двајца, за да ги символизираат Законот (Мојсеј) и Пророците (Илија), живите и мртвите.

повеќе