Разлика помеѓу преработките на „Шаблон:Цитат“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ред 1: Ред 1:
Тогаш се наѕира прашањето: „Зошто Бог нè создал така трагично слободни, трагично одговорни - толку тежок товар кој постојано го положуваме пред нозете на идоли и искушувачи?“ При што великото Христијанско Предание одговара еднодушно: „Бог нè создал слободни оти нè повикува на обожување, до една богочовечка состојба каде нашата преобразена човечност ќе ја најде својата полнота. Овој повик побарува слободно огласување. Заедништво резултирано од малпроста магнетна сила би било автоматско, инстинктивно, невредно за личностно искуство кое, при посакување заедништво, побарува севкупна одговорност. .. Токму затоа, конечно, кога Бог ја зеде на Себе судбината на Исаака и Јова Се објави во тајна, така што само преку слободната љубов на човештвото може да Биде препознаен како распнат Роб, извалкан со крв и плунка. Дури и воскреснатиот Господ не ја присилува Својата присутност; преку плачот на вера и љубов Марија Магадлена Го препозна во градината, и возљубениот ученик на езерскиот брег. Нашиот Бог доаѓа тајно, и самата Црква, каде сме соединети преку Духот во евхаристиското тело на воскреснатиот Христос е тајна чија светост е сокриена од нас преку наносот на историјата. Можеме вистински да Го љубиме Бога само поради тоа што можеме да Го одбиеме.
+
Сите вистини на Православието се изведуваат од една вистина и се сведуваат на едната вистина, безгранична и вечна. Таа вистина е Богочовекот Христос. Ако до крај ја проживеете било која вистина на Православието, ќе мора да пронајдете дека нејзиното срце е – Богочовекот Христос. Всушност, сите вистини на Православието не се ништо друго, освен – различни варијанти на едната Вистина: Богочовекот Христос. Православието е Православие со Богочовекот. И со ништо друго и никој друг. Оттука, второто име на Православието е – Богочовештво. Во него ништо не бива според човекот и од човекот, туку сè доаѓа од Богочовекот и бива според Богочовекот. А тоа значи: основната, вечната вистина на животот и светот, човекот ја доживува и осознава само со помошта од Богочовекот, во Богочовекот. Уште нешто: потполната вистина за човекот, за целта и смисолот на неговото постоење, човекот ја дознава единствено низ Богочовекот. Без Него и надвор од Него нема вистински човек, оти човекот е вистински човек само со Богочовекот и во Богочовекот. Надвор од Него човекот се претвора во привидение, во страшило, во бесмислица. И наместо човекот, вие наоѓате отпадоци од човекот, одломки од човекот, касаји од човекот. Оттука, единствено во богочовештвото е вистинското човештво. И нема друго под небото.
  
'''[[Оливие Клеман]]'''
+
'''[[Св. Јустин Келиски]]'''

Преработка од 15:09, 11 февруари 2013

Св. Јустин Келиски