Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Целомудрие

Целомудрие како израз, има две значења - пошироко и потесно.

Во поширока смисла и етимолочки, целомудрието е состојба на духовно здравје, здравоумие; состојба во која сите душевни сили и способности се наоѓаат во склад со природниот поредок, па пониските биолошки нагони (нагонот за исхрана, половиот нагон и слично) се потчинети на законот на умот, духот.

Во потесно значење, целомудрието е состојба на душевна девственост, девствен однос кон половиот нагон. Тоа не мора задолжително да биде и целосна апстиненција, воздржување од полов однос (коа се зборува за целомудрие кај сопружници), бидејќи целомудрието и во оваа смисла има пред сѐ правилен однос меѓу духот и половиот нагон, однос во којшто духот владее, а половион нагон му се покорува на духот, ограничен и регулиран од духот и совладан од него.