Стар Завет

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 07:22, 11 мај 2009; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (New page: {{никулец}} '''Стар Завет''', претставува период на подготовки за доаѓањето на свет на [[Господ Исус Христо...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е никулец (односно има потребна од понатамошно уредување и обработка). Помогнете да ја прошириме оваа статија.

Стар Завет, претставува период на подготовки за доаѓањето на свет на Господ Исус Христос, како и корпусот на канонски книг, кои го сочинуваат првиот и поголем дел на Светото Писмо.

Изразот „Стар Завет“ е христијански термин, кој води потекло од неговата употреба кај светиот апостол Павле: „бидејќи и до ден денес, кога се чита Стариот завет, покривалото стои несимнато, зашто Христос го симнува.“ (2 Кор 3,14) Токму во истата глава апостолот укажува дека во Христа сме оспособени да бидеме „слуги на Новиот завет, не на буквата, туку на Духот.“ (2 Кор 3,6) Самиот Женик Црковен, Исус Христос, востановувајќи ја евхаристијата, појасни: „Оваа чаша е Новиот завет со Мојата крв“ (Лк 22,20). Повторно, апостолот по Посланието до Евреите истакнува дека Христос е „посредник на Новиот завет“. (Евр 9,15) Еврејскиот израз за „завет“ е b'rith, кој Септуагинтата на грчки го преведува како διαθήκη, со значење: сојуз, завет, и означува сојуз склопен меѓу Бога и човекот, Израилот, кој како крајна цел го имал доаѓањето на Месијата, основачот на Црквата, на Новиот Завет.