Старец Софрониј

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Архимандрит Софрониј

Старец Софрониј (Сахаров), познат и како архимандрит Софрониј, е најпознатиот ученик и биограф на св. Силуан Атонски, уредник и издавач на делата на св. Силуан и основач на ставропигијалниот манастир на св. Јован Крстител во Есекс, Англија.

Биографија

Детство и рана младост

Старец Софрониј е роден на 23 септември 1896 година, како Сергеј Симеонович Сахаров во православно семејство, во Русија. Како дете, Сергеј секојдневно се молел, дури и по 45 минути на ден без никаков проблем; исто така, младиот Сергеј многу читал книги, така што на рана возраст ги имал прочитано класиците на руската книжевност Тургењев, Достоевски, Толстој, Гогољ и Пушкин.

Поради неговиот ликовен талент, Сергеј се запишал и учел на Академијата на Уметности во периодот од 1915 и 1917 година, и потоа во Московската Школа за сликање, скулптура и архитектура, помеѓу 1920 и 1921. Според неговите кажувања, во тоа вреем тој ја користел уметноста како „квази-мистично“ средство за „откривање на вечната убавина“, „бегање од сегашната реалност... во новите хоризонти на битствувањето.“ Подоцна, ова искуство му помогнало да ја разликува човечката интелектуална светлина од Божјата Несоздадена Светлина. Токму за време на неговите студии во Московската Школа, Сергеј го согледува христијанскиот фокус на личносната љубов како ограничен и конечен, и тоа го одвраќа од Православието кон Индиските мистични религии, засновани на безличниот Апсолут. Во 1921 Сергеј ја напушта Русија и ја продолжува својата уметничка кариера во Западна Европа, прво во Италија, па Берлин, за на крај, во 1922 да дојде во Париз.

Париз

Со доаѓањето на Сергеј во Париз, следеле изложби на неговите дела кои го привлекле вниманието на француските медиуми. Сепак, во срцето на младиот уметник сѐ повеќе растела фрустрацијата поради неможноста уметноста да ја изрази чистотата; и колку и да се трудел, Сергеј не можел да побегне од ова чувство. Во исто време, созреал и увидел дека рационалното знаење е немоќно да понуди одговор на прашањето на смртта.

Во 1924 Сергеј увидел дека Христовиот повик за возљубување на Бога со сето свое битие не е психолошко нешто, туку онтолошко; и дека оваа целосна љубов е единствениот начин за обраќање кон Бога; и дека љубовта мора да биде личносна. И токму таа година, на Велика Сабота, тој се вратил во Православието. И таа вечер тој ја почувствувал силата на Несоздадената Светлина на толку силен начин, како што никогаш пред и после тоа нема да ја почувствува, што како резултат го имало неговото повлекување од уметноста; веднаш после тоа станал еден од првите студенти на Православниот Богословски Институт „Св. Сергиј“ во Париз, каде професори му биле отец Сергеј Булгаков и Николај Бердјаев. И двајцата извршиле големо влијание во неговиот живот, но и двајцата умерено го одвратиле од себе, поради софиологијата (Булгаков) и анти-аскетизмот (Бердјаев). Во 1925, наоѓајќи дека формалното богословие не го исполнува, Сергеј заминува на Света Гора за да се замонаши.

Света Гора

Сергеј Сахаров пристигнал на Света Гора во 1926 година, каде пристапил во рускиот манастир Св. Пантелејмон, со желба да научи како да се моли и како да изгради правилен однос кон Бога. Бил потстрижан и му било дадено името Софрониј. Во 1930, отец Софрониј бил ракоположен за иероѓакон од светиот Николај Велимировиќ (Жички), и станал ученик на св. Силуан Атонски, кој имал огромно и пресудно влијание во неговиот живот. Свети Силуан, бивајќи необразуван, немал формален систем на богословие, но неговиот живот зрачел со богословие. Токму во тоа тој го учел својот ученик Софрониј, кој подоцна сето тоа го систематизирал. Помеѓу 1932 и 1946, отец Софрониј имал богата кореспонденција со о. Давид Балфор, католички свештеник кој се преобратил во Православие. Овие писма му го откриле богатството на светите отци на Црквата, и му помогнале да ги дефинира разликите помеѓу Западната и Источната мисла.

Во 1938 година, на 24 септември се упокоил св. Силуан. Следејќи ги неговите совети, отец Софрониј се упатил во атонската пустина, најпрво во Каруља, а потоа во манастирот св. Павле, каде останал до завршетокот на Втората светска војна. Во 1941 година бил ракоположен за свештеник, станувајќи духовник на голем број светогорски монаси.

Париз

Есекс

Дела

Надворешни врски