Промени

Прејди на: содржини, барај

Старец Софрониј

Додадени 20 бајти, 12:31, 4 август 2009
нема опис на уредувањето
=== Света Гора ===
Сергеј Сахаров пристигнал на Света Гора во 1926 година, каде пристапил во рускиот манастир Св. Пантелејмон, со желба да научи како да се моли и како да изгради правилен однос кон Бога. Бил потстрижан пострижан и му било дадено името Софрониј. Во 1930, отец Софрониј бил ракоположен за иероѓакон од светиот Николај Велимировиќ (Жички), и станал ученик на св. Силуан Атонски, кој имал огромно и пресудно влијание во неговиот живот. Свети Силуан, кој што бил необразуван, немал формален систем на богословие, но неговиот живот зрачел со богословие. Токму во тоа тој го учел својот ученик Софрониј, кој подоцна сето тоа го систематизирал. Помеѓу 1932 и 1946, отец Софрониј имал богата кореспонденција со о. Давид БалфорБалфур, католички свештеник кој се преобратил во Православие. Овие писма му го откриле богатството на светите отци на Црквата, и му помогнале да ги дефинира разликите помеѓу Западната и Источната мисла.
Во 1938 година, на 24 септември се упокоил св. Силуан. Следејќи ги неговите совети, отец Софрониј се упатил во атонската пустина, најпрво во Каруља, а потоа во манастирот св. Павле, каде останал до завршетокот на Втората светска војна. Во 1941 година бил ракоположен за свештеник, станувајќи духовник на голем број светогорски монаси.
Постојат повеќе можни причини поради кои старец Софрониј заминал од Света Гора. Можеби го сторил тоа поради неговото ослабено здравје, или за да ги објави делата на свети Силуан; или пак, да го заврши своето богословско образование; но исто така, можно е да се решил на тој чекор поради проблемите кои ги имал бидејќи не бил Грк, а живеел на Света Гора каде околностите радикално се промениле по Втората светска војна.
Без разлика на причината, отец Софрониј почувствувал потреба да замине од Света Гора и да се пресели во Париз, каде што Блафор Балфур му помогнал да добие пасош. Институтот „Св. Сергиј“ му дозволил да ги полага завршните испити по сите курсеви кои се нуделе, но сепак инсистирале на тоа иеромонахот преќутно да го негира присуството на благодатта во Московската Патријаршија. Отец Софрониј одбил да го стори тоа, и поради тоа не ги полагал завршните испити и го напуштил Институтот. Во тоа време се сместил во Рускиот Дом, каде му помагал на локалниот свештеник и им бил исповедник на верните. Во истото време имал посериозна операција на чир во стомакот.
Следната година, старец Софрониј го издал првото полиграфско издание на „Старец Силуан“. Во овој текст, тој ги прикажува основите белези на богословието на св. Силуан, и ги објаснува основите концепти, како молитвата за целиот свет и идејата за поврзаноста на човештвото. Во периодот од 1950 до 1957 година, отец Софрониј соработува со [[Владимир Лоски]], кој во голема мера влијае врз неговата перцепција за голем број современи проблеми.
До 1958 година, старец Софрониј бил опкружен од луѓе кои биле привлечени од монашкиот начин на живеење. Поради таа причина, еден имот во Толешант Најтс, Малдон, во Есекс – Англија бил разгледан како можност за почеток на заеднички живот. Следната година, на него била основана заедницата на св. Јован Крстител, под омофорот на митрополитот Антониј Блум. Манастирот вклучувал монаси и монахињи, и таа традиција е задржана до денес. Во 1965 година, манастирот станал ставропигијален манастир на Вселенската Патријаршија.
Во 1973 година следел целосен превод на животот на св. Силуан, следен од уште едно издание, „Мудроста на Атос“. По овие изданија, старецот се префрла на творење на авторски дела, издавајќи ги „Неговиот живот е мој“ во 1977 и „Ќе Го видиме „Да биде гледан Бог Каков што Е“ во 1985, која предизвикала бурни реакции во руската јавност; токму таа критика, заедно со влошеното здравје, го обесхрабрила старец Софрониј да продолжи со пишување и издавање авторски дела.
== Дела ==
*„Мудроста на Атос: Писанијата на Старец Силуан“
*„Неговиот живот е мој“
*„Ќе Го видиме „Да биде гледан Бог Каков што Е“
*„Свети Силуан Атонски“
*„За Молитвата“

Прегледник