Промени

Прејди на: содржини, барај

Старец Софрониј

Додадени 4 бајти, 10:21, 4 август 2009
с
Есекс
До 1958 година, старец Софрониј бил опкружен од луѓе кои биле привлечени од монашкиот начин на живеење. Поради таа причина, еден имот во Толешант Најтс, Малдон, во Есекс – Англија бил разгледан како можност за почеток на заеднички живот. Следната година, на него била основана заедницата на св. Јован Крстител, под омофорот на митрополитот Антониј Блум. Манастирот вклучувал монаси и монахињи, и таа традиција е задржана до денес. Во 1965 година, манастирот станал ставропигијален манастир на Вселенската Патријаршија.
Во 1973 година следел целосен превод на животот на св. Силуан, следен од уште едно издание, „Мудроста на Атос“. По овие изданија, старецот се префрла на творење на авторски дела, издавајќи ги „Неговиот живот е мој“ во 1977 и „Ќе Го видиме Каков што Е“ во 1985, која предизвикала бурни реакции во руската јавност; токму таа критика, заедно со влошеното здравје, го обесхрабрила старец Силуан Софрониј да продолжи со пишување и издавање авторски дела.
== Дела ==
3.103
уредувања

Прегледник