Промени

Прејди на: содржини, барај

Старец Софрониј

Додадени 6 бајти, 10:13, 4 август 2009
с
Света Гора
=== Света Гора ===
Сергеј Сахаров пристигнал на Света Гора во 1926 година, каде пристапил во рускиот манастир Св. Пантелејмон, со желба да научи како да се моли и како да изгради правилен однос кон Бога. Бил потстрижан и му било дадено името Софрониј. Во 1930, отец Софрониј бил ракоположен за иероѓакон од светиот Николај Велимировиќ (Жички), и станал ученик на св. Силуан Атонски, кој имал огромно и пресудно влијание во неговиот живот. Свети Силуан, бивајќи кој што бил необразуван, немал формален систем на богословие, но неговиот живот зрачел со богословие. Токму во тоа тој го учел својот ученик Софрониј, кој подоцна сето тоа го систематизирал. Помеѓу 1932 и 1946, отец Софрониј имал богата кореспонденција со о. Давид Балфор, католички свештеник кој се преобратил во Православие. Овие писма му го откриле богатството на светите отци на Црквата, и му помогнале да ги дефинира разликите помеѓу Западната и Источната мисла.
Во 1938 година, на 24 септември се упокоил св. Силуан. Следејќи ги неговите совети, отец Софрониј се упатил во атонската пустина, најпрво во Каруља, а потоа во манастирот св. Павле, каде останал до завршетокот на Втората светска војна. Во 1941 година бил ракоположен за свештеник, станувајќи духовник на голем број светогорски монаси.
3.103
уредувања

Прегледник