Промени

Прејди на: содржини, барај

Старец Софрониј

Додадени 3.306 бајти, 09:16, 4 август 2009
Париз
Во 1938 година, на 24 септември се упокоил св. Силуан. Следејќи ги неговите совети, отец Софрониј се упатил во атонската пустина, најпрво во Каруља, а потоа во манастирот св. Павле, каде останал до завршетокот на Втората светска војна. Во 1941 година бил ракоположен за свештеник, станувајќи духовник на голем број светогорски монаси.
=== Париз , повторно === Постојат повеќе можни причини поради кои старец Софрониј заминал од Света Гора. Можеби го сторил тоа поради неговото ослабено здравје, или за да ги објави делата на свети Силуан; или пак, да го заврши своето богословско образование; но исто така, можно е да се решил на тој чекор поради проблемите кои ги имал бидејќи не бил Грк, а живеел на Света Гора каде околностите радикално се промениле по Втората светска војна.  Без разлика на причината, отец Софрониј почувствувал потреба да замине од Света Гора и да се пресели во Париз, каде што Блафор му помогнал да добие пасош. Институтот „Св. Сергиј“ му дозволил да ги полага завршните испити по сите курсеви кои се нуделе, но сепак инсистирале на тоа иеромонахот преќутно да го негира присуството на благодатта во Московската Патријаршија. Отец Софрониј одбил да го стори тоа, и поради тоа не ги полагал завршните испити и го напуштил Институтот. Во тоа време се сместил во Рускиот Дом, каде му помагал на локалниот свештеник и им бил исповедник на верните. Во истото време имал посериозна операција на чир во стомакот. Следната година, старец Софрониј го издал првото полиграфско издание на „Старец Силуан“. Во овој текст, тој ги прикажува основите белези на богословието на св. Силуан, и ги објаснува основите концепти, како молитвата за целиот свет и идејата за поврзаноста на човештвото. Во периодот од 1950 до 1957 година, отец Софрониј соработува со [[Владимир Лоски]], кој во голема мера влијае врз неговата перцепција за голем број современи проблеми. Во 1952 отец Софрониј го публикува второто издание на „Старец Силуан“, со што го привлекува вниманието на православната јавност. Поради коментарот на Лоски дека не може да се најде богословска вредност во делата на светителот, старец Софрониј вклучува и богословски вовед во пишувањата на св. Силуан. 
=== Есекс ===
3.103
уредувања

Прегледник