Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Промени

Велигден

Додадени 47 бајти, 21:49, 25 март 2008
с
нема опис на уредувањето
[[Image:Pascha.jpg|right|frame|Воскресение Христово]]
'''Велигден''', исто така познат како и '''Пасха''' (Πάσχα), е празник на '''[[Воскресение]]то на [[Господ Исус Христос]]'''. ''Пасха'' како поим е транслитерација на грчки збор, кој од своја страна е транслитерација на хебрејскиот ''pesach'', со значење ''Премин''. Велигден е центарот на Православната вера и празнување. За верните, периодот пред Велигден, е долго патување исполенсо исполнето со покајание, прошка, измирување, [[молитва]], [[пост ]] и учење. Со пристигнувањето на Велигден, се празнува победата на Животот над смртта преку извршување на неколку богослужби комбинирани во една.
== Славење на Велигден ==
Со Воскресението од гробот Хрисотс ги круниса сите празници. Тој доброволно пострада на Крстот за искупување на нас, грешните на Велики Петок (Големиот Петок). Според [[Свето Писмо|Светото Писмо]], во часот кога Он пострада на Крстот, многу гробови во близината на Ерусалим испукале и некои праведници дури во тој момент станале од нивните гробови.
Претходно, откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Христос и Го предадоа на Пилат со барање да биде распнат, а Пилат за да им угоди конечно така и пресуди иако не Му најде вина, Господ пострада со смрт на Крст. Висеше меѓу двајца разбојници, од кои едниот Го похули а другиот Го прослави, спасувајќи се со ова себеси за живот вечен. Во оној страшен миг неговите ученици се разбегаа како што Самиот им предрече; освен апостолот Јован Заведеев и мајка Му под Крстот, малку подалеку стоеја и неколку жени коишто последните години Му служеа со своите имоти. Покрај Него тогаш немаше други, освен непријателите и минувачите во неверие.
Потоа Јосиф од Ариматеја, кој Му беше ученик, се осмели и го побара од Пилат телото за да го погребе. Го положија во еден нов гроб којшто Јосиф го имаше скроено во карпа. Го затворија влезот со камен и заминаа.
За воскресението дознаа во мугрите во неделата, кога оние верни жени мироносици појдоа со миризливи масла на гробот за да Го помазаат телото, кое не Го најдоа. Во тој момент земјата се затресе, затоа што Божји [[Ангели|ангел]] слета од небото, го тргна каменот од гробот, и седна на него. Неговото лице блескаше како молња, е неговите облеки беа бели како снег. Кога тоа го видоа стражарите, тие затреперија од страв. Веста ја прими прва Марија Магдалина и побрза да им јави на апостолите и тие не ѝ поверуваа. Петар и Јован самите се стрчнаа до гробот и го најдоа каменот одвален, а од телото лежеа оставени само повоите. По ова, кога се собраа заедно во куќата, Исус им се јави и разбраа дека воскреснал. Но им го отвори умот и за да ги разбираат Писмата. Им се јави и на Лука и Клеопа додека одеа во Емаус, но не Го препознаа веднаш. Срцата им гореа на сите.
== Пресметување на денот на празнување на Велигден ==
3.103
уредувања