Промени

Прејди на: содржини, барај

Рождество Христово

Додадени 600 бајти, 15:11, 2 јануари 2008
нема опис на уредувањето
== Празнување на Божик ==
Рождеството Христово се слави на 25 декември. Но, во првите три века овој празник не се славел посебно, туку заедно со Христовото Крштение или Богојавление (Епифанија). Во почетокот, многу внимание не се посветувало на овој празник, колку што се посветувало на Богојавление, односно Крштевањето на Господа Исуса Христа, а тоа е поради тоа што во животот на човекот се обрнувало повеќе внимание на денот на неговото крштевање, како духовно раѓање за живот, отколку на телесното раѓање, кое е за смрт. Кога во четвртиот век по Христа започна празнувањето на овој свет ден, Христијанството наиде на отпор од празнувањето на паганскиот празник посветен на непобедливото сонце, а кој се празнуваше околу зимската краткоденица. И токму затоа Црквата реши Рождеството да го празнува токму на тој ден, за да се надмине идолопоклонското празнување на Сонцето, а да се слави вистинското Сонце на Правдата - Христос Богочовекот. Во Црковната [[химнографија]] за овој празник лесно се согледуваат овие одлуки. Празнувањето на Божик е обликувано според [[Велигден]]; затоа пред Божик е востановен и подготвителен четириесетдневен [[пост]].
На богослужбите спроти Божик се читаат старозаветните пророштва на Михеј, кој претскажал дека Спасителот ќе се роди во Витлеем, и пророкот Исаија кој Го претскажал и Ликот на Месијата: „''Затоа Самиот Господ ќе ви даде доказ: ете, *Девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе Му дадат името Емануел.''“ (Ис.7,14). „''Зашто Младенец ни се роди - Син ни се даде; власта е на рамењата Негови, и ќе Го наречат: Советник, Чудесни, Бог силен, Отец вечен, Кнез на мирот. Неговата власт и мирот бескраен ќе растат врз престолот на Давида и во царството негово, за да го утврди Он и да го зацврсти преку суд и прада отсеа па довека. Тоа ќе го направи ревноста на Господа Саваота.''“ (Ис. 9,6-7)
14
уредувања

Прегледник