Промени

Прејди на: содржини, барај

Велигден

Додадени 3.664 бајти, 10:27, 24 октомври 2007
нема опис на уредувањето
== Велигденски богослужби ==
Воскресението на Господ Исус Христос е центар на Православната вера. Токму затоа на Велигден му претходи период од дванаесет подготвителни недели.
 
=== Полуноќница ===
 
Некаде пред полноќ почнува да се служи полуноќницата. Свештеникот оди кон Гробот Христов, ја подига плаштеницата од него и преку царските двери ја внесува и ја положува на чесниот Престол. Таа таму останува 40 дена, до [[Вознесение Христово]].
 
Литијата почнува околу полноќ. Свештеникот ја напушта црквата со верниците; поворката пее и ги носи црковните знамиња, ја обиколува Црквата и доаѓа пред затворените врати. Тука за прв пат се пее воскресниот тропар. Заедно со стиховите на 68 Псалм со кој започнуваат сите богослужби во Велигденскиот круг.
 
::: „''Нека се крене Бог, и да се распрснат непријателите Негови;
::: да бегаат од лицето Негово оние, што Го мразат.''“
 
Вратите повторно се отвораат и народот влегува во Црквата. Свештениците се облекуваат во светли одежди. Таму каде што столе Гробот стои иконата на Воскресението. Свештенослужителот три пати го поздравува народот со поздравот „Христос воскресна!“, на што се отпоздравува со „Ваистина (вистина) воксресна!“
 
=== Утрена ===
 
Следна служба е Утрената. Автор на воскресниот канон на Утрената е св. Јован Дамаскин. Пасхалниот канон се пее со тропарот како со рефрен.
 
=== Велигденска Литургија ===
 
Велигденската Света Литургија исто така започнува со воскресенскиот тропар и стиховите од 68-от Псалм; се пеат и воскресенските антифони. Се читаат делови од Дела апостолски на светиот апостол Лука и Евангелието по Јован. Потоа продолжува Златоустовата Литургија како и обично, но постојано се пее велигденскиот тропар. Верниците се причестуваат. Во неделата на Воскресението не се служи вечерна.
== Химнографија ==
 
=== Тропар ===
(''5. глас/се пее и на 1. глас'')
 
:Христос воскресе из мертвих,
:смертију смерт поправ,
:и сушчим во гробјех живот даровав.
 
=== Ипакој ===
(''8. глас'')
:Ашче и во гроб снизшел еси, Безсмертне,
:но адову разрушил јеси силу,
:и воскресал јеси, јако побједитељ, Христе Боже,
:женам мироносицам вешчавиј: радујтесја!и Твојим апостолом мир даруjaј,
:падшим подајај Воскресеније.
==Видете исто така==
3.103
уредувања

Прегледник