Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Промени

Голема ектенија

Додадени 87 бајти, 14:16, 12 февруари 2014
с
нема опис на уредувањето
{{Литургија}}'''Голема ектенија ''' (грч. η μεγάλη συναπτή) е првата ектенија на Литургијата[[Литургија]]та, но и на вечерната[[вечерна]]та, утрената [[утрена]]та и другите богослужби. Затоа што поголемиот дел на прозби во неа започнуваат со зборовите „Во мир на Господа да се помолиме“, се нарекува и мирна ектенија, ириника (грч: τα ειρηνικά). Големата ектенија има дванаесет прозби, и завршува со возглас. Во неа се наоѓаат прозби за Црквата и нејзината јерархија, за граѓанската власт, градот или селото во кое се богослужи, за оние кои патуваат, боледуваат, работаат, и за сите потреби на христијаните. На крајот следи молитвено обраќање кон [[Пресвета Богородица ]] со седум високи епитети (пресвета, пречиста, преблагословен, славна, владичица, Богородица и секогашдева Марија).
Една молитва која е многу слична со големата ектенија е сочувана во посланието на св. Климент Римски до Коринтјаните (околу 90-100 год. по Христа). Денешната голема ектенија е тесно поврзана со ѓаконските молитви во Заветот на нашиот [[Господ Исус Христос ]] (дело кое потекнува од 3 век) и [[Апостолски установи|Апостолските установи ]] (4-5 век). На прозбите од големата ектенија уште од 4 век се одговара со „Господи помилуј“, што се смета за литургиски извор на исусовата молитва. Доколку на богослужбата е присутен [[ѓакон]], тој ја изговара големата ектенија, и тоа од амвонот[[амвон]]от, а возгласот, чија тема е славата Божја, ја изговара свештеникот. {{Литургија/широк}}
[[Категорија:Литургика]]
3.103
уредувања