Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Промени

Старец Софрониј

Додадени 184 бајти, 09:43, 4 мај 2010
с
нема опис на уредувањето
Со доаѓањето на Сергеј во Париз, следеле изложби на неговите дела кои го привлекле вниманието на француските медиуми. Сепак, во срцето на младиот уметник сѐ повеќе растела фрустрацијата поради неможноста уметноста да ја изрази чистотата; и колку и да се трудел, Сергеј не можел да побегне од ова чувство. Во исто време, созреал и увидел дека рационалното знаење е немоќно да понуди одговор на прашањето на смртта.
Во 1924 Сергеј увидел дека Христовиот повик за возљубување на Бога со сето свое битие не е психолошко нешто, туку онтолошко; и дека оваа целосна љубов е единствениот начин за обраќање кон Бога; и дека љубовта мора да биде личносна. И токму таа година, на [[Велика Сабота]], тој се вратил во Православието. И таа вечер тој ја почувствувал силата на Несоздадената Светлина на толку силен начин, како што никогаш пред и после тоа нема да ја почувствува, што како резултат го имало неговото повлекување од уметноста; веднаш после тоа станал еден од првите студенти на [[Православен Богословски Институт „Св. Сергeј“|Православниот Богословски Институт „Св. Сергиј“ Сергeј“]] во [[Париз]], каде професори му биле отец [[Сергеј Булгаков]] и [[Николај Бердјаев]]. И двајцата извршиле големо влијание во неговиот живот, но и двајцата умерено го одвратиле од себе, поради софиологијата (Булгаков) и анти-аскетизмот (Бердјаев). Во 1925, наоѓајќи дека формалното богословие не го исполнува, Сергеј заминува на [[Света Гора]] за да се замонаши.
=== Света Гора ===
Постојат повеќе можни причини поради кои старец Софрониј заминал од Света Гора. Можеби го сторил тоа поради неговото ослабено здравје, или за да ги објави делата на свети Силуан; или пак, да го заврши своето богословско образование; но исто така, можно е да се решил на тој чекор поради проблемите кои ги имал бидејќи не бил Грк, а живеел на Света Гора каде околностите радикално се промениле по Втората светска војна.
Без разлика на причината, отец Софрониј почувствувал потреба да замине од Света Гора и да се пресели во Париз, каде што Балфур му помогнал да добие пасош. [[Православен Богословски Институт „Св. Сергeј“|Институтот „Св. Сергиј“ Сергeј“]] му дозволил да ги полага завршните испити по сите курсеви кои се нуделе, но сепак инсистирале на тоа иеромонахот преќутно да го негира присуството на благодатта во Московската Патријаршија. Отец Софрониј одбил да го стори тоа, и поради тоа не ги полагал завршните испити и го напуштил Институтот. Во тоа време се сместил во Рускиот Дом, каде му помагал на локалниот свештеник и им бил исповедник на верните. Во истото време имал посериозна операција на чир во стомакот.
Следната година, старец Софрониј го издал првото полиграфско издание на „Старец Силуан“. Во овој текст, тој ги прикажува основите белези на богословието на св. Силуан, и ги објаснува основите концепти, како молитвата за целиот свет и идејата за поврзаноста на човештвото. Во периодот од 1950 до 1957 година, отец Софрониј соработува со [[Владимир Лоски]], кој во голема мера влијае врз неговата перцепција за голем број современи проблеми.
11
уредување