Промени

Прејди на: содржини, барај

Старец Софрониј

Додадени 4.683 бајти, 10:46, 3 август 2009
Биографија
=== Париз ===
 
Со доаѓањето на Сергеј во Париз, следеле изложби на неговите дела кои го привлекле вниманието на француските медиуми. Сепак, во срцето на младиот уметник сѐ повеќе растела фрустрацијата поради неможноста уметноста да ја изрази чистотата; и колку и да се трудел, Сергеј не можел да побегне од ова чувство. Во исто време, созреал и увидел дека рационалното знаење е немоќно да понуди одговор на прашањето на смртта.
 
Во 1924 Сергеј увидел дека Христовиот повик за возљубување на Бога со сето свое битие не е психолошко нешто, туку онтолошко; и дека оваа целосна љубов е единствениот начин за обраќање кон Бога; и дека љубовта мора да биде личносна. И токму таа година, на [[Велика Сабота]], тој се вратил во Православието. И таа вечер тој ја почувствувал силата на Несоздадената Светлина на толку силен начин, како што никогаш пред и после тоа нема да ја почувствува, што како резултат, се повлекол од уметноста, и станал еден од првите студенти на Православниот Богословски Институт „Св. Сергиј“ во Париз, каде професори му биле отец [[Сергеј Булгаков]] и [[Николај Бердјаев]]. И двајцата извршиле големо влијание во неговиот живот, но и двајцата умерено го одвратиле од себе, поради софиологијата (Булгаков) и анти-аскетизмот (Бердјаев). Во 1925, наоѓајќи дека формалното богословие не го исполнува, Сергеј заминува на [[Света Гора]] за да се замонаши.
 
=== Света Гора ===
Сергеј Сахаров пристигнал на Света Гора во 1926 година, каде пристапил во рускиот манастир Св. Пантелејмон, со желба да научи како да се моли и како да изгради правилен однос кон Бога. Бил потстрижан и му било дадено името Софрониј. Во 1930, отец Софрониј бил ракоположен за иероѓакон од светиот Николај Велимировиќ (Жички), и станал ученик на св. Силуан Атонски, кој имал огромно и пресудно влијание во неговиот живот. Свети Силуан, бивајќи необразуван, немал формален систем на богословие, но неговиот живот зрачел со богословие. Токму во тоа тој го учел својот ученик Софрониј, кој подоцна сето тоа ќе го систематизира.
Помеѓи 1932 и 1946, отец Софрониј имал богата кореспонденција со о. Давид Балфор, католички свештеник кој се преобратил во Православие. Овие писма му го откриле богатството на светите отци на Црквата на о. Софрониј, и му помогнале да ги дефинира разликите помеѓу Западната и Источната мисла.
Во 1938 година, на 24 септември се упокоил св. Силуан. Следејќи ги неговите совети, отец Софрониј се упатил во атонската пустина, најпрво во Каруља, а потоа во манастирот св. Павле, каде останал до завршетокот на Втората светска војна. Во 1941 година бил ракоположен за свештеник, станувајќи духовник на голем број светогорски монаси.
 
=== Париз ===
=== Есекс ===
 
== Дела ==
== Надворешни врски ==
[[Категорија:Современи автори]]
3.103
уредувања

Прегледник