Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Промени

Велики Петок

Додадени 207 бајти, 11:33, 2 април 2009
нема опис на уредувањето
'''Велики Петок''' (грч: Μεγάλη Παρασκευή) е посветен на спомнувањето на осудувањето на смрт, Крстните страдања и смртта на Спасителот.
==Страданијата==
Најпрво, [[Господ Исус Христос |Христос]] беше одведен пред првосвештеникот Кајафа, кој кратко Го испрашуваше и Го затвори. Утредента, Тој бива испрашуван пред Синедрионот, највисокиот еврејски совет за верски прашања составен од 70 највидни членови, фарисеи, книжевници, садукеи и страрешини. Таму бива распрашуван, и осуден за хула, за што канзата била смрт. Сепак, во тоа време само римскиот управител имал право да изрече смртна казна, при што тие Го упатуваат кај [[Понтиј Пилат]]. Пред него Христос беше осуден дека велел дека Е цар јудејски; Пилат, гледајќи дека Христос Е предаден од зависти и злоба, се обидуваше да Го спаси, и бидејќи од Галилеја, решава да Го испрати кај Ирод, кој управуваше со таа покраина. Ирод Го исмејуваше Исуса и Го врати пак кај Пилата, кој попушта пред разбеснетата и поткупена маса и Го предава на грубите војници, кои Го исмејуваат, понижуваат со удари, бичуваат и Го облекуваат во црвена наметка ставајќи Му на главата круна од трње, а во рацете, место жезол - трска.
Но според обичајот, бидејќи Пасха, еден осуденик можеше да биде ослободен по волја на народот. И повторно, поткупената маса го избира злосторникот Варнава, наместо Синот Човечки. И додека Христос сведочи за Себе пред судот, светиот апостол Петар три пати се одрекнува од Него, а Јуда се обеси.
: се поклонуваме на Твоите страдања, Христе,
: покажи ни го и славното Твое Воскресение.
 
== Видете исто така ==
 
* [[Страстна седмица]]
* [[Пасха]]
* [[Воскресение]]
 
[[Категорија:Богословие]]
[[Категорија:Литургика]]
3.103
уредувања