Разлика помеѓу преработките на „Сиропусна недела“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
(New page: '''Сиропусна недела''', (Масленица), е последната подготвителна седмица пред [[Велигденски пост|Великиот ...)
 
с (interwiki fr)
 
(Не се прикажани 3 меѓувремени преработки од еден друг корисник)
Ред 1: Ред 1:
 +
[[Image:Expulsion from Eden.JPG|frame|right|Изгонувањето од Рајот]]
 
'''Сиропусна недела''', (Масленица), е последната подготвителна седмица пред [[Велигденски пост|Великиот Пост]], односно седмата недела пред [[Пасха]]. За време на оваа седмица, која следи после [[Месопусна недела|месопусната]], христијаните го имаат отстрането месото од трпезата, а благословено е да се јаде млеко и млечни производи, јајца и риба.  
 
'''Сиропусна недела''', (Масленица), е последната подготвителна седмица пред [[Велигденски пост|Великиот Пост]], односно седмата недела пред [[Пасха]]. За време на оваа седмица, која следи после [[Месопусна недела|месопусната]], христијаните го имаат отстрането месото од трпезата, а благословено е да се јаде млеко и млечни производи, јајца и риба.  
  
Ред 13: Ред 14:
 
== Прочка ==
 
== Прочка ==
  
После отпустот на Вечерната, [[Презвитер]]от стои покрај аналогионот, или пред амвонот. Верните пристапуваат и прават поклон пред иконата, по што прават поклон и пред свештеникот, велејќи: „Прости ми мене, грешниот/грешната.“ Свештеникот исто така прави поклон пред секој од нив, велејќи: „Бог простува. Прости ми.“ На тоа, верниот одговара: „Бог простува.“ и прима благослов од свештеникот. За тоа време се пеат ирмосите на Пасхалниот Канон, или некоја Пасхална стихира. По простувањето со свештеникот, верните си простуваат еден на друг.   
+
После отпустот на Вечерната, [[Презвитер]]от стои покрај аналогионот, или пред [[амвон]]от. Верните пристапуваат и прават поклон пред иконата, по што прават поклон и пред свештеникот, велејќи: „Прости ми мене, грешниот/грешната.“ Свештеникот исто така прави поклон пред секој од нив, велејќи: „Бог простува. Прости ми.“ На тоа, верниот одговара: „Бог простува.“ и прима благослов од свештеникот. За тоа време се пеат ирмосите на Пасхалниот Канон, или некоја Пасхална стихира. По простувањето со свештеникот, верните си простуваат еден на друг.   
  
 
За жал, постојат голем број на неправославни традиции поврзани со овој ден, кои погубно влијаат на народната духовност.  
 
За жал, постојат голем број на неправославни традиции поврзани со овој ден, кои погубно влијаат на народната духовност.  
 +
 +
== Надворешни врски ==
 +
 +
*[http://www.akmpe.org/index.php?option=com_content&task=view&id=153&Itemid=78 „Сиропусна седмица“ - Протопрезвитер Александар Шмеман, АКМПЕ]
  
 
[[Категорија:Пост]]
 
[[Категорија:Пост]]
 +
[[en:Forgiveness Sunday]]
 +
[[fr:Dimanche de l’expulsion d’Adam du Paradis]]
 +
[[ro:Duminica Izgonirii lui Adam din Rai]]

Последна преработка од 02:47, 27 март 2011

Изгонувањето од Рајот

Сиропусна недела, (Масленица), е последната подготвителна седмица пред Великиот Пост, односно седмата недела пред Пасха. За време на оваа седмица, која следи после месопусната, христијаните го имаат отстрането месото од трпезата, а благословено е да се јаде млеко и млечни производи, јајца и риба.

Значење

Оваа недела Црквата се сеќава на изгонувањето на Адам и Ева од Рајот, на кои Бог им заповеда да постат од Дрвото (Битие 2,16). Престапувајќи ја заповедта да не јадат од Дрвото на познанието, тие биле изгонети од градината, воведувајќи ја смртта и распадливоста во овој свет.

Овој ден е исто така познат меѓу народот и како поклади, прочка, што го означува и простувањето кое секој верник го проси од своите ближни на овој ден, како подготовка пред Великиот Пост. Вечерната богослужба е масовно посетена на овој ден, каде се слушаат Господовите зборови за простувањето и постењето, по што во храмот сите си простуваат едни на други.

Евангелието за последната недела е исто така насочено кон постат.

Кога постите, не бидете како лицемерите; зашто тие си ги прават лицата мрачни, за да се покажат пред луѓето дека постат. Вистина ви велам, оти ја добиле веќе својата награда. А ти, кога постиш, помажи ја главата своја и измиј го лицето свое, па да покажеш дека постиш не пред луѓето, туку пред твојот Отец, Кој е во тајност; и твојот Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно. (Матеј 6,16-18)

Прочка

После отпустот на Вечерната, Презвитерот стои покрај аналогионот, или пред амвонот. Верните пристапуваат и прават поклон пред иконата, по што прават поклон и пред свештеникот, велејќи: „Прости ми мене, грешниот/грешната.“ Свештеникот исто така прави поклон пред секој од нив, велејќи: „Бог простува. Прости ми.“ На тоа, верниот одговара: „Бог простува.“ и прима благослов од свештеникот. За тоа време се пеат ирмосите на Пасхалниот Канон, или некоја Пасхална стихира. По простувањето со свештеникот, верните си простуваат еден на друг.

За жал, постојат голем број на неправославни традиции поврзани со овој ден, кои погубно влијаат на народната духовност.

Надворешни врски