Свето Евангелие

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 09:17, 13 февруари 2010; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (New page: {{никулец}} '''Евангелие''' (грч. εύαγγέλιον - блага, радосна вест), е блага и радосна вест за спасението на ч...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е никулец (односно има потребна од понатамошно уредување и обработка). Помогнете да ја прошириме оваа статија.

Евангелие (грч. εύαγγέλιον - блага, радосна вест), е блага и радосна вест за спасението на човекот преку Господ Исус Христос, ветено за „семето на жената“ (Битие 3,15) на основа на пророштва (Ис 61,1) кои се исполниле во воплотената Втора Личност од Пресвета Троица. Во смисолот на самиот збор влекува богатата содржина на ветувањето за сеспасителната Божја благодат во Христа (Дап 20,24; Рм 1,1-2; Лк 1,15) и благовеста за Царството Божјо (Лк 6,16, Мт 4,23; 9,35). Христос е центарот на благовеста, на Евангелието, и поради тоа Неговата Личност и Светото Евангелие никогаш не можат да се одделат (Мк 8,35; 10,29). Чекор понапред, Христос е центарот на целото Свето Писмо.

Терминот „евангелие“ со тек на времето започнал да се толкува како приказ за земниот живот Христов (Мк 1,1). Затоа често се зборува за четири Евангелија како за различни зборници во кои се проповеда за животот и спасителните дела на Спасителот на земјата. Со оглед на тоа дека овие канонски книги се боговдахновни, тие носат ознаки по оние кои ги напишале, на пр. Евангелие според Матеја, според Марка итн. што имплицира дека Евангелието е Богооткриено, но е запишано по кажувањата на Матеја, на Марка итн.

Оригиналност и автентичност

Видете исто така

  • [Свето евангелие според Матеја]
  • [Свето евангелие според Марка]
  • [Свето евангелие според Лука]
  • [Свето евангелие според Јована]