Разлика помеѓу преработките на „Свето Благовештение“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
(New page: == Евангелие на празникот (Лк. 1.26-38) == 26 А во шестиот месец, Бог го испрати ангелот Гавриел во галилејскио...)
 
с (Историски особености)
Ред 16: Ред 16:
 
Празникот Благовештение на Пресвета Богородица  е посветен на споменувањето и прославувањето на настанот, опишан во Евангелието според Лука (I, 26-38).
 
Празникот Благовештение на Пресвета Богородица  е посветен на споменувањето и прославувањето на настанот, опишан во Евангелието според Лука (I, 26-38).
 
Во  раното Христијанство овој празник имал различни имиња: Зачнувањето на Христа, Благовештение за Христа, Почеток на откупувањето, Благовештение од Ангелот на Марија и дури во VII век на Исток и на Запад бил наречен Благовештение на Пресвета Богородица.
 
Во  раното Христијанство овој празник имал различни имиња: Зачнувањето на Христа, Благовештение за Христа, Почеток на откупувањето, Благовештение од Ангелот на Марија и дури во VII век на Исток и на Запад бил наречен Благовештение на Пресвета Богородица.
Овој  празник е востановен уште во длабоката древност. За негово празнување се спомнува веќе во III век (Слова на св. Григориј Чудотворец за овој ден). Во своите беседи св. Јован Златоуст и блаж. Августин зборуваат за овој празник како за древно и вообчаено црковно торжество. Во периодот V-VIII в., наспроти ересите што ја омаловажувале Личноста на Богомајката, празникот бил особено воз¬величен во Црквата. Во VIII век св. Јован Дамаскин и Теофан митрополит Никејски, ги составиле празничните канони, кои и денес се пеат во Црквата
+
Овој  празник е востановен уште во длабоката древност. За негово празнување се спомнува веќе во III век (Слова на св. Григориј Чудотворец за овој ден). Во своите беседи св. Јован Златоуст и блаж. Августин зборуваат за овој празник како за древно и вообчаено црковно торжество. Во периодот V-VIII в., наспроти ересите што ја омаловажувале Личноста на Богомајката, празникот бил особено возвеличен во Црквата. Во VIII век св. Јован Дамаскин и Теофан митрополит Никејски, ги составиле празничните канони, кои и денес се пеат во Црквата

Преработка од 08:28, 7 април 2008

Евангелие на празникот (Лк. 1.26-38)

26 А во шестиот месец, Бог го испрати ангелот Гавриел во галилејскиот град, по име Назарет, 27 при девица свршена за маж, по име Јосиф, од Давидовиот дом. А името на девицата беше Марија. 28 И кога ангелот дојде при неа и рече: „Радувај се благодатна! Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените!” 29 Таа се уплаши од тој збор и размислуваше: каков поздрав ќе биде тоа? 30 Тогаш ангелот и рече: „Не бој се Марија, зашто си нашла милост пред Бога. 31 И ете, ќе зачнеш и ќе родиш Син, и ќе Му го дадеш името Исус. 32 Тој ќе биде голем и ќе се нарече Син на Сèвишниот. И Господ Бог ќе Му го даде престолот на Неговиот татко Давид. 33 И ќе царува над Јакововиот дом довека, и Неговото Царство не ќе има крај.” 34 А Марија му рече на ангелот: „Како ќе биде тоа, кога не знам за маж?” 35 Ангелот одговори и и рече: „Светиот Дух ќе дојде на тебе и силата на Сèвишниот ќе те осени; затоа Светото кое ќе биде родено од тебе - ќе се нарече Божји Син. 36 И ете твојата роднина Елисавета, и таа зачна син во својата старост. И тоа е веќе шестиот месец за неа, која ја наречуваат неплодна. 37 Зашто ниеден збор од Бога нема да остане без сила.” 38 Марија му рече: „Еве ја Господовата слугинка, нека ми биде според твојот збор!” И ангелот си отиде од неа.

Историски особености

Празникот Благовештение на Пресвета Богородица е посветен на споменувањето и прославувањето на настанот, опишан во Евангелието според Лука (I, 26-38). Во раното Христијанство овој празник имал различни имиња: Зачнувањето на Христа, Благовештение за Христа, Почеток на откупувањето, Благовештение од Ангелот на Марија и дури во VII век на Исток и на Запад бил наречен Благовештение на Пресвета Богородица. Овој празник е востановен уште во длабоката древност. За негово празнување се спомнува веќе во III век (Слова на св. Григориј Чудотворец за овој ден). Во своите беседи св. Јован Златоуст и блаж. Августин зборуваат за овој празник како за древно и вообчаено црковно торжество. Во периодот V-VIII в., наспроти ересите што ја омаловажувале Личноста на Богомајката, празникот бил особено возвеличен во Црквата. Во VIII век св. Јован Дамаскин и Теофан митрополит Никејски, ги составиле празничните канони, кои и денес се пеат во Црквата