Свети свештеномаченик Корнилиј

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Римјанин и римски офицер во Кесарија Палестинска. Крстен од апостолот Петар, според небесно откровение (Дела 10, 1). Бил прв од незнабожците што пристапиле на Божјата Црква. Дотогаш некои мислеале дека Црквата Христова е само за Евреите и за оние што го примаат еврејското обрезание. Откако се покрстил, Корнилиј оставил се’ и тргнал по светиот апостол Петар.

Овој апостол подоцна го поставил за епископ и го испрати во незнабожечкиот град Скипсеосис, каде што Свети Корнилиј претрпел многу бесчестења и мачења заради Христа, но со сила Божја го урнал храмот на Аполон и го крстил кнезот на тој град, Димитриј, и двесте седумдесет и седуммина нензабожци. Откако бил известен од Бога за денот на својата смрт, тој ги повикал сите христијани, ги посоветувал, се помолил на Бога за нив, и мирно се преставил кај Господ во својата чесна старост. Со време го заборавиле неговиот гроб кој станал запуштен. Но светителот му се јавил на Троадскиот епископ Силуан и му јавил за својот гроб, со заповед таму да подигне црква. Епископот го извршил тоа со помош на богатиот граѓанин Евгениј. Од моштите на Свети Корнилиј се извршиле многубројни чуда.