Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Свети маченик Евпл

Преработка од 10:42, 21 август 2007; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (New page: '''Свети маченик Евпл''' бил ѓакон во Катана Сицилиска. Царот Диоклецијан испрати во Сицилија не...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)

Свети маченик Евпл бил ѓакон во Катана Сицилиска. Царот Диоклецијан испрати во Сицилија некој војвода Пентагур за да ги уништи христијаните, зашто оние малку што ги имаше се криеја од гонителите и не се објавуваа себеси. Тогаш некој го обвини Свети Евпл дека оди со некоја книга кај некои потајни христијани и им ја чита таа книга. Книгата беше Светото Евангелие. Откако го изведоа на суд, по малку време незнабожците му ја обесија онаа книга на вратот и го одведоа во затвор. По седум дена затвор и гладување беше предаден на мачење. Кога го биеја со железни стапови, Евпл им се потсмеваше, велејќи му на судијата мачител: „Безумнику, нели гледаш дека овие маки заради Божјата помош се како пајажина за мене. Ако можеш пронајди други, потешки, зашто овие ми се како играчка.“ Најпосле Христовиот маченик го изведоа на губилиштето. Тогаш мнозина се обратија во Христовата вера, а Свети Евпл го убија со меч. Во Царството Небесно се пресели во 304 година. Неговите чудотворни мошти лежат во едно село близу Неапол, наречено Vico della Batonia.


Изворниот материјал користен за креирањето на оваа статија е заштитена содржина © од Македонската Православна Црква.

Администраторите на страницата на Македонската Православна Црква го дадоа нивниот благослов за користење на овие материјали за потребите на Православната енциклопедија (од страна на администраторите и соработниците), при што е потребно да се нагласи изворната содржина, односно да се постави врска кон оригиналната страница.

Статијата може да биде променета и надополнета од страна на администраторите, соработниците и корисниците на OrthodoxWiki.