Свети Симеон Дајбапски

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 09:14, 8 септември 2016; направена од Bitola2000 (разговор | придонеси) (Создадена страница со: '''Свети Симеон Дајбапски''' e новоканонизиран српски светител. Свети Симеон е српски...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај

Свети Симеон Дајбапски e новоканонизиран српски светител. Свети Симеон е српски православен духовник од Црна Гора, првично замонашен во Киев, Украина а подоцна испратен на служба во Црна Гора. После божјо јавување тој го иницирал основањето на манастирот Дајбабе во Црна Гора каде го поминал најголемиот дел од животот.

Биографија

Свети Симеон Дајбапски или Саво Перовиќ е роден на 19 декември 1854 година во Цетиње, Црна Гора, каде го завршил и основното образование. По основното образование заминува да учи во Киев на тамошната Киевска богословија. Во Киев е замонашен и подоцна ракоположен во чин јеромонах. Во 1888 година се враќа во Црна Гора, каде е испратен на служба во Црквата „Св Никола“ во Врањина а подоцна во манастирот Острог каде предава во монашкото училиште. Кон крајот на 19 век, после божјо јавување тој го иницирал основањето на манастирот Дајбабе во Црна Гора каде го поминал најголемиот дел од животот. Свети Симеон умира 1 април 1941 година. Неговите нераспадливи мошти се откриени 55 години после неговата смрт, во 1996 година. На 2 мај 2010 година заедно со Св. Јустин Ќелиски е канонизиран во црквата „Св.Сава“ во Белград.