Разлика помеѓу преработките на „Свети Наум Охридски“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с
с (Кратко житие)
Ред 8: Ред 8:
 
Не постојат ниту најнужни податоци во врска со неговото конкретно потекло, место на раѓање и образование.
 
Преподобен Наум ги обучувал Словените во писменоста, ги распространувал богослужебние книги, кои рамноапостолните браќа ги превеле од старогрчки јазик на словенски. Во 868 г. во Рим, папата Адриан II (867-872) го ракоположил преподобниот за ѓакон, а потоа тој го примил и чинот презвитер. Папата Адриан II го признал како богоугодно делото на Словенските учители, ги осветил словенските книги и благословил да се служи литургија на словенски јазик.  
+
Преподобен Наум ги обучувал Словените во писменоста, ги распространувал богослужбените книги, кои рамноапостолните браќа ги превеле од старогрчки на словенски. Во 868 г. во Рим, папата Адриан II (867-872) го ракоположил преподобниот за ѓакон, а потоа тој го примил и чинот презвитер. Папата Адриан II го признал како богоугодно делото на Словенските учители, ги осветил словенските книги и благословил да се служи литургија на словенски јазик.  
  
Најтешки искушенија поднеле свети Наум и другите ученици на свети Методиј по преставувањето на свети Методиј во 885 г., кога епископ Моравски станал непријателот на словенската просвета – германот Вихинг. Проповедниците биле фрлени во темница, приковани во окови, подложени на мачење. По нивните молитви Господ јавил чудо: настанал земјотрес, ѕидовите на затворот паднале, оковите се скинале. Народот, кога го видел тоа, поверувал во светоста на затворениците, но Вихинг го прогласил Божјиот знак за ѓаволско дејство и го прогонил свети Наум со неговите соподвижници од Великоморавија.
 
Светите проповедници, движени од Божјата Промисла, творејќи многу чуда, стигнале до Дунав. Таму тие се разделиле на групи. Некои од нив тргнале кон Мизија, други во Дакија и Илирија, „Божјото слово умножувајќи го насекаде стократно.”
+
 
 +
Светите проповедници, движени од Божјата Промисла, творејќи многу чуда, стигнале до Дунав. Таму тие се разделиле на групи. Некои од нив тргнале кон Мизија, други во Дакија и Илирија, „умножувајќи го насекаде Божјото слово стократно.”
  
Преподобен Наум заедно со светите Климент и Ангелариј отпатувале во Бугарија. Светиот бугарски цар Михаил (Борис), кој го покрстил својот народ во 865 г., со радост ги примил учениците на светите Кирил и Методиј. Тој им наложил да ги распространуваат и умножуваат словенските богослужбени и проповеднички книги. Преподобен Наум почнал да учителствува и проповеда во манастирот изграден во чест на свети Пантелеимон, близу Преслав.
 
Преработка од 14:30, 1 јули 2008

Преподобен Наум Охридски Чудотворец бил еден од најблиските ученици и соподвижници на светите рамноапостолни Кирил и Методиј (спомен на 11/24 мај). Од својата младост тој ги следел учителите во Великоморавија и Панонија, каде што во текот на многу години (863-885) подвижнички живот им го проповедал Божјото слово на словенските народи на нивниот роден јазик. Споменот на светиот рамноапостолен Наум се твори на 20 јуни/3 јули, 23 декември/05 јануари и 27 јули/9 август заедно со светите Климент, Сава, Горазд и Ангелариј.

Свети Наум Чудотворец Охридски

Кратко житие

За животот и дејноста на св. Наум Охридски постојат оскудни податоци. Иако животниот пат на светите Климент и Наум Охридски во одредени периоди течат речиси идентично, св. Наум е во сенка во однос на св. Климент. Изворите од кои се црпат податоци за него се: двете словенски житија, грчкото житие, Панонските легенди и Пространото Климентово житие. Овие расположиви извори овозможуваат реконструирање на неговата животна врвица како просветител, духовник и мисионер.

Не постојат ниту најнужни податоци во врска со неговото конкретно потекло, место на раѓање и образование.

Преподобен Наум ги обучувал Словените во писменоста, ги распространувал богослужбените книги, кои рамноапостолните браќа ги превеле од старогрчки на словенски. Во 868 г. во Рим, папата Адриан II (867-872) го ракоположил преподобниот за ѓакон, а потоа тој го примил и чинот презвитер. Папата Адриан II го признал како богоугодно делото на Словенските учители, ги осветил словенските книги и благословил да се служи литургија на словенски јазик.

Најтешки искушенија поднеле свети Наум и другите ученици на свети Методиј по преставувањето на свети Методиј во 885 г., кога епископ Моравски станал непријателот на словенската просвета – германот Вихинг. Проповедниците биле фрлени во темница, приковани во окови, подложени на мачење. По нивните молитви Господ јавил чудо: настанал земјотрес, ѕидовите на затворот паднале, оковите се скинале. Народот, кога го видел тоа, поверувал во светоста на затворениците, но Вихинг го прогласил Божјиот знак за ѓаволско дејство и го прогонил свети Наум со неговите соподвижници од Великоморавија.

Светите проповедници, движени од Божјата Промисла, творејќи многу чуда, стигнале до Дунав. Таму тие се разделиле на групи. Некои од нив тргнале кон Мизија, други во Дакија и Илирија, „умножувајќи го насекаде Божјото слово стократно.”

Преподобен Наум заедно со светите Климент и Ангелариј отпатувале во Бугарија. Светиот бугарски цар Михаил (Борис), кој го покрстил својот народ во 865 г., со радост ги примил учениците на светите Кирил и Методиј. Тој им наложил да ги распространуваат и умножуваат словенските богослужбени и проповеднички книги. Преподобен Наум почнал да учителствува и проповеда во манастирот изграден во чест на свети Пантелеимон, близу Преслав.

Во 894 г., свети Наум го возглавил просветителското дело во Девол, во Охридската епархија, заедно со свети Климент, кој бил ракоположен за епископ Белицки/Велички. Додека свети Климент во Охрид ги вршел светителските/епископските трудови, преподобен Наум изградил манастир на јужниот брег на Охридското езеро, кој станал извор на благочестие и прибежиште за бедните. Околу него се собрале многу монаси, бидејќи тој бил мудар учител, строг подвижник, чудотворец и молитвеник. Тој неуморно се трудел над преводот на Светото Писмо на словенски јазик. Заедно со светителот Климент тие биле наречени „нови Мојсеј и Арон.”

Дури во длабока старост преподобен Наум се оддалечил од светот, во манастирот во чест на Архангел Михаил и сите Небесни Сили. Таму тој го завршил својот земен пат во 910 г, примајќи пред смртта монашки постриг. Светата Црква набргу го вброила преподобен Наум во соборот на светите, а манастирот што тој го оснавал станал познат меѓу народот како манастир на свети Наум. Таму и досега почиваат неговите свети мошти, лекувајќи – со силата на Христовата благодат – душевни слабости и болести.

Химнографија

Тропар

глас четврти
Соединувајќи се со Христа, си го оставил светот;
живеејќи со дух, телото си го распнал, преблажен Науме.
Си се стремел како апостолите да се подвизуваш
и безбројното мизијско множество во верата си го вовел.
Така и нас со твоите молитви избави нѐ од искушенија.

Надворешни врски