Промени

Прејди на: содржини, барај

Свети Кипријан Слепчански

Додадени 104 бајти, 08:38, 8 мај 2017
Канонизација
За маченичката смрт на игуменот Кипријан, пронајден е вреден запис на македонски народен говор, зачуван од 1780 година. Непознат автор овој текст го допишал во многу постаро евангелие, поточно во „Четвороевангелие“ од 1548 година на познатиот македонски книжевник Висарион Дебарски. Во вметнатиот запис на непознатиот автор пишува дека во 1780 година „среде лето се стори скапија, пченицата помина килото дванаисет гроша, а хршта помина килото осом гроша и раната за имајнето се стори скапа, сеното помина по три.“
Во записот понатаму е напишано дека Турци го ограбиле манастирот во Слепче и го спалиле игуменот. „Во априли месец на ден Велики Четврток на вечерта влегоа харамии Турци колунци и фати игумена Kупријана и го мачеа со оган го гориа за аспри и аспри немаше да мо дадит три дни бист на велик ден почина“.
Запишано е дека арамиите при грабежот од манастирот украле и свети мошти со сребрена кутија, која чинела 120 гроша, три икони, бакар, руба и с` сѐ што пронашле во храмот однеле во Монастир (Битола).Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква на редовна седница одржана на 24 февруари 2017 година донесе одлука за негова канонизација. Канонизација на Свети Кипријан Слепчански се одржа на 30 април 2017 година во манастирот „Свети Јован Претеча“ во Слепче, Демир Хисар <ref>https://mkbibliskazemja.blogspot.mk/2017/05/blog-post.html</ref>. На канонизација за прв пат беа изложени светите мошти на Свети Кипријан Слепчански кои се чуваат во овој манастир. <ref>https://mkbibliskazemja.blogspot.mk/2017/03/blog-post_27.html</ref>, како и иконата насликана од манастирското сестринство. 
==Наводи==
[[Категорија:Светители]]
[[Категорија:Македонски светители]]
3.103
уредувања

Прегледник