Свети Кипријан Слепчански

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 13:12, 4 мај 2017; направена од Bitola2000 (разговор | придонеси) (Создадена страница со: '''Свети Kипријан Слепченски''', е новоканонизиран македонски маченик. Бил игумен на...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај

Свети Kипријан Слепченски, е новоканонизиран македонски маченик. Бил игумен на манастирот „Свети Јован Претеча“ во Слепче, Демир Хисар. Бил спален при напад на Турците на Велигден, 1780 година.

Житие

Игумен Kипријан служел во манастирот „Св. Јован Претеча“ кај Слепче. Во времето кога заради гревовите човечки, Бог допушти Исмаилќаните да завладеат со Балканските земји, една група од нивни арамии ја нападна славната Слепченска обител на чесниот Претеча на Велики четврток во 1780 г. Притоа свирепо го мачеа игуменот Кипријан и го гореа по целото тело, а тој, пак, поткрепен од Христа храбро застана како столб и поткрепа на доверената му обител, одбивајќи да отстапи пред заканите на иноверните. Оставајќи го полумртов, разбојниците зедоа сè што беше вредно во манастирот. Храбриот, пак, Кипријан по тридневното страдање, замина при Христа на денот на Неговото славно тридневно воскресение. и оти маченички се упокоил на Велигден во 1780 година. Се претпоставува дека бил на возраст од околу 60 години. Игуменот Kипријан бил погребан во дворот на црквата во Слепче.

Канонизација

За маченичката смрт на игуменот Кипријан, пронајден е вреден запис на македонски народен говор, зачуван од 1780 година. Непознат автор овој текст го допишал во многу постаро евангелие, поточно во „Четвороевангелие“ од 1548 година на познатиот македонски книжевник Висарион Дебарски. Во вметнатиот запис на непознатиот автор пишува дека во 1780 година „среде лето се стори скапија, пченицата помина килото дванаисет гроша, а хршта помина килото осом гроша и раната за имајнето се стори скапа, сеното помина по три.“ Во записот понатаму е напишано дека Турци го ограбиле манастирот во Слепче и го спалиле игуменот. „Во априли месец на ден Велики Четврток на вечерта влегоа харамии Турци колунци и фати игумена Kупријана и го мачеа со оган го гориа за аспри и аспри немаше да мо дадит три дни бист на велик ден почина“. Запишано е дека арамиите при грабежот од манастирот украле и свети мошти со сребрена кутија, која чинела 120 гроша, три икони, бакар, руба и с` што пронашле во храмот однеле во Монастир (Битола). Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква на редовна седница одржана на 24 февруари 2017 година донесе одлука за негова канонизација. Канонизација на Свети Кипријан Слепчански се одржа на 30 април 2017 година во манастирот „Свети Јован Претеча“ во Слепче, Демир Хисар [1]. На канонизација за прв пат беа изложени светите мошти на Свети Кипријан Слепчански кои се чуваат во овој манастир. [2]

Наводи