Промени

Прејди на: содржини, барај

Свети Кипријан Слепчански

Додадени 69 бајти, 08:39, 8 мај 2017
с
нема опис на уредувањето
'''Свети Kипријан Слепченски''', е новоканонизиран македонски маченик. Бил игумен на манастирот „Свети Јован Претеча“ во Слепче, Демир Хисар. Бил спален при напад на Турците на Велигден, 1780 година. Неговиот спомен се слави на 17/30 април.
==Житие==
Игумен Kипријан служел во манастирот „Св. Јован Претеча“ кај Слепче. Во времето кога заради гревовите човечки, Бог допушти Исмаилќаните да завладеат со Балканските земји, една група од нивни арамии ја нападна славната Слепченска обител на чесниот Претеча на Велики четврток во 1780 г. Притоа свирепо го мачеа игуменот Кипријан и го гореа по целото тело, а тој, пак, поткрепен од Христа храбро застана како столб и поткрепа на доверената му обител, одбивајќи да отстапи пред заканите на иноверните. Оставајќи го полумртов, разбојниците зедоа сè што беше вредно во манастирот. Храбриот, пак, Кипријан по тридневното страдање, замина при Христа на денот на Неговото славно тридневно воскресение. и оти маченички се упокоил на Велигден во 1780 година. Се претпоставува дека бил на возраст од околу 60 години. Игуменот Kипријан бил погребан во дворот на црквата во Слепче.
3.103
уредувања

Прегледник