Разлика помеѓу преработките на „Свети Григориј Палама“

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
с
с
Ред 3: Ред 3:
 
Императорот сакал момчето да се посвети себеси на државна служба, но Григориј, кога наполнил 20 години, отишол на Света Гора Атон и станал послушник во монастирот Ватопед, каде под раководство на преподобниот Никодим Ватопедски (спомен на 11 јули) тргнал по патот на подвижништвото и примил монашки постриг. По една година нему му се јавил во видение светиот евангелист Јован Богослов и му го ветил своето духовно покровителство. Мајката на Григориј и неговите сестри, исто така, примиле монаштво.
 
По преставувањето/упокоението на преподобниот Никодим, монахот Григориј поминал 8 години молитвен подвиг под раководство на старецот Никифор, а по неговото упокоение преминал во Лаврата на преподобен Атанасиј Атонски. Но, по три години, стремејќи се кон повисок степен на духовно совершенство, тој се населил во малата отшелничка обител Глосија. Настојателот на таа обител Григориј почнал да го учи момчето на сосредоточената духовна молитва — на умното делување, кое постепено се разработувало и се усвојувало од монасите, почнувајќи од големите пустиници на IV век. Потоа, откако во XI век, во трудовите на Симеон Нов Богослов (спомен на 12 март) надворешните молитвени облици на умното делување добиле подробно објаснување, тоа било усвоено од Атонските подвижници. Искуственото применување на умното делување, кое барало осамување и безметежност (безмолвие), го добило името исихазам (од грч. исихиа = спокој, молчење), а оние што го практикувале исихазмот, почнале да се нарекуваат исихасти.
+
По преставувањето/упокоението на преподобниот Никодим, монахот Григориј поминал 8 години молитвен подвиг под раководство на старецот Никифор, а по неговото упокоение преминал во Лаврата на преподобен Атанасиј Атонски. Но, по три години, стремејќи се кон повисок степен на духовно совершенство, тој се населил во малата отшелничка обител Глосија. Настојателот на таа обител Григориј почнал да го учи момчето на сосредоточената духовна молитва — на умното делување, кое постепено се разработувало и се усвојувало од монасите, почнувајќи од големите пустиници на IV век. Потоа, откако во XI век, во трудовите на Симеон Нов Богослов (спомен на 12 март) надворешните молитвени облици на умното делување добиле подробно објаснување, тоа било усвоено од Атонските подвижници. Искуственото применување на умното делување, кое барало осамување и безметежност (безмолвие), го добило името [[исихазам]] (од грч. исихиа = спокој, молчење), а оние што го практикувале исихазмот, почнале да се нарекуваат исихасти.
  
Заради опасноста од нападите на турците, свети Григориј заедно со браќата преминал во Солун (Тессалоники), каде што тогаш бил ракоположен во чин свештеник. Своите презвитерски обврски свети Григориј ги соединувал со отшелничкиот живот. Во сабота и недела пастирот излегувал меѓу народот — служел Богослужби и говорел проповеди. Понекгаш свети Григориј ги посетувал богословските собранија на градската образована младина. Тој собрал мала општина монаси –отшелници и раководел со неа пет години.
 
Ред 44: Ред 44:
 
: но, бидејќи со умот стоиш пред Првиот Ум, кон Него нашиот ум, отче,
 
: но, бидејќи со умот стоиш пред Првиот Ум, кон Него нашиот ум, отче,
 
: води го, да повикуваме: радувај се, проповеднику на благодатта.
 
: води го, да повикуваме: радувај се, проповеднику на благодатта.
 +
==Видете исто така==
 +
* [[Исихазам]]
 
==Надворешни врски==
 
==Надворешни врски==
 
* [http://ortos.wordpress.com/2008/03/22/%d0%96%d0%b8%d1%82%d0%b8%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%bb%d0%be%d1%82-%d0%93%d1%80%d0%b8%d0%b3%d0%be%d1%80%d0%b8%d1%98-%d0%9f%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d0%bc%d0%b0/|Блог Свиток]
 
* [http://www.mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=2030|Од прологот на мпц]
 
* [http://www.mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=2030|Од прологот на мпц]

Преработка од 20:17, 23 март 2008

Светителoт Григориј Палама, архиепископ Солунcки, заштитникот на православното учење за Божествената светлина, се родил во 1296 г., во Мала Азија. Во време на турската наезда семејството избегало во Константинопол и нашле прибежште на дворецот на императорот Андроник II Палеолог (1282–1328). Таткото на свети Григориј станал висок чиновник при императорот, но наскоро умрел. Андроник самиот го презел воспитувањето и образованието на момчето, кое било надарено со прекрасни способности и голема упорност.

Императорот сакал момчето да се посвети себеси на државна служба, но Григориј, кога наполнил 20 години, отишол на Света Гора Атон и станал послушник во монастирот Ватопед, каде под раководство на преподобниот Никодим Ватопедски (спомен на 11 јули) тргнал по патот на подвижништвото и примил монашки постриг. По една година нему му се јавил во видение светиот евангелист Јован Богослов и му го ветил своето духовно покровителство. Мајката на Григориј и неговите сестри, исто така, примиле монаштво.

По преставувањето/упокоението на преподобниот Никодим, монахот Григориј поминал 8 години молитвен подвиг под раководство на старецот Никифор, а по неговото упокоение преминал во Лаврата на преподобен Атанасиј Атонски. Но, по три години, стремејќи се кон повисок степен на духовно совершенство, тој се населил во малата отшелничка обител Глосија. Настојателот на таа обител Григориј почнал да го учи момчето на сосредоточената духовна молитва — на умното делување, кое постепено се разработувало и се усвојувало од монасите, почнувајќи од големите пустиници на IV век. Потоа, откако во XI век, во трудовите на Симеон Нов Богослов (спомен на 12 март) надворешните молитвени облици на умното делување добиле подробно објаснување, тоа било усвоено од Атонските подвижници. Искуственото применување на умното делување, кое барало осамување и безметежност (безмолвие), го добило името исихазам (од грч. исихиа = спокој, молчење), а оние што го практикувале исихазмот, почнале да се нарекуваат исихасти.

Заради опасноста од нападите на турците, свети Григориј заедно со браќата преминал во Солун (Тессалоники), каде што тогаш бил ракоположен во чин свештеник. Своите презвитерски обврски свети Григориј ги соединувал со отшелничкиот живот. Во сабота и недела пастирот излегувал меѓу народот — служел Богослужби и говорел проповеди. Понекгаш свети Григориј ги посетувал богословските собранија на градската образована младина. Тој собрал мала општина монаси –отшелници и раководел со неа пет години.

Во 1331 г. светиот се оддалечил на Атон и се осамил во скитот свети Сава, близу Лаврата на преподобниот Атанасиј. Во 1333 г. бил назначен за игумен на Есфигменскиот манастир, во северниот дел на Света Гора. Во 1336 г. светиот се вратил во скитот свети Сава, каде што се занимавал со богословски трудови, кои не ги оставил до крајот на животот.

Во 30-ите години на XIV век во животот на Источната Црква се случиле настани, кои го поставиле светителот Григориј во редот со големите вселенски апологети на Православието.

Околу 1330 г. во Константинопол од Калабрија пристигнал учениот монах Варлаам. Наскоро Варлаам допатувал на Атон, таму се запознал со начинот на духовниот живот на исихастите и врз основа на догматот за недостижноста на Божјата природа, умното делување го нарекол еретичка заблуда. Варлаам влегол во спор со монасите и се обидувал да ја докаже создаденоста (тварноста) на Таворската Светлина; при тоа тој не се засегал да ги исмејува расказите од монасите за молитвените примања и за духовните просветлувања.

Светителот Григориј, заштитувајќи го учењето за Божествената Таворска Светлина, говорел: «Вообразените со световна и суетна мудрост не внимаваат на мажите кои се искусни во духовното учење, кога слушаат за Светлината, (со која засветли Господ на гората на Преображението и која што ја видоа Апостолите), мислат дека таа е нешто сетилно и створено…, иако Самиот Тој што засветли со Светлина на Тавор јасно покажа дека таа Светлина не е створена, нарекувајќи ја неа Божјо Царство (Мт. 16, 28)…

Секаде присуствува Царот на сè и секаде е — Неговото Царство, бидејќи доаѓањето на Неговото Царство не означува Негово преминување од едно место на друго, туку Негово откривање со силата на Божествениот Дух…

Светлината на Преображението Господово не се раѓа и не исчезнува и не подлежи на сетилни способности и, иако била созерцувана со телесните очи…, сепак таиниците (учениците) на Господа во тоа време преминале од плотта во духот, преку изменување на сетилата, што се случило во нив преку Духот…

Засветлила онаа Неискажлива Светлина и таинствено им била јавена на Апостолите… додека (Господ) се молел; со тоа е покажано, дека родителка на тоа блажено видение била молитвата, дека блесокот настанал и се јавил од соединување на умот со Бога и дека таа им се дава на сите што при постојано вежбање во подвизите на добродетелите и молитвата, го устремуваат својот ум кон Бога. Вистинската убавина може да се созерцува само со очистен ум.

Господ наш Исус Христос Самиот од Себе ја имал таа Светлина. Заради тоа, Тој и немал потреба од молитва за да ја просветли со Божествената Светлина Својата плот, но само покажал; од каде таа Светлина слегува на Божјите свети и на кој начин може да биде созерцувана: зашто, напишано е, дека и светите «ќе засветат како сонце» (Мт. 13, 43), то ест, целосно проникнати со Божествената Светлина ќе го гледаат Христа… Ние веруваме дека Тој при Преображението јавил не некоја друга Светлина, туку токму онаа, што била скриена во Него под завесата на плотта; истата Светлина е Светлината на Божјата природа и затоа е Нестворена, Божествена…»

Свети Григориј ги изложил своите аргументи во богословскиот труд «Триади во заштита на светите исихасти» (1338 г.). Околу 1340 г. Атонските подвижници со помош на светителот составиле општ одговор на нападите од Варлаам —«Светогорски томос».

На Константинополскиот Собор во 1341 г. во храмот Света Софија, се одвивал спорот на светителот Григориј Палама со Варлаам, чија тема била: природата на Таворската Светлина. На 27 мај 1341 г. Соборот ги прифатил ставовите на светителoт Григориј Палама за тоа, дека Бог, Кој е недостапен во Својата Суштина, се јавува Себеси во енергиите, како Таворската Светлина, кои се насочени кон светот и се достапни за восприемање, а не се створени.

Иако учењето на Варлаам било осудено како ерес и самиот тој бил предаден на анатема, споровите меѓу паламитите и варлаамитите не завршиле. Меѓу вторите припаѓале ученикот на Варлаам, монахот Акиндин и Патријархот Јован XIV Каленас (1341–1347); кон нив се приклонил и Андроник III Палеолог (1323–1341). Акиндин настапил со редица трактати во кои ги прогласувал светителот Григориј и Атонските монаси за виновници за црковниот проблем. Светителот напишал подробно побивање на измислиците од Акиндин. Но, без оглед на тоа, Патријархот го одделил светителот од Црквата (1344) и го осудил на затвор кој траел три години. Во 1347 г., кога Јован XIV на патријаршискиот престол го сменил Исидор (1347–1349), светителот Григориј Палама бил ослободен и воведен во чин архиепископ Солунски. Во 1351 г. Влахернскиот Собор торжествено ја посведочил православноста на неговото учење.

Три години пред неговото упокоение тој се вратил во Солун. Непосредно пред да се упокои, нему му се јавил во видение светителот Јован Златоуст. Со зборовите: «Во горните! Во горните!» светителот Григориј Палама мирно се преставил при Бога, на 14 ноември 1359 г. Во 1368 г. тој бил канонизиран на Константинополскиот Собор при Патријархот Филотеј (1354–1355, 1362–1376), кој ги напишал житието и службата на светителот.

Химнографија

Тропар

глас осми
На Православието учителу, на светителите украсу,
на богословите поборнику непобедлив, Григорие чудотворецу,
на Солун голема пофалбо, проповеднику на благодатта,
моли го Христа Бога да бидат спасени нашите души.

Кондак

глас осми
На Премудроста свештен и Божествен органу,
на Богословието светла согласна труба, те воспеваме, Григорие Богоговорнику,
но, бидејќи со умот стоиш пред Првиот Ум, кон Него нашиот ум, отче,
води го, да повикуваме: радувај се, проповеднику на благодатта.

Видете исто така

Надворешни врски