Свети Василиј Острошки

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Свети Василиј Острошки е новојавен српски светител, чудотворец Острошки и Захумски. Неговиот спомен се празнува на 12 мај.

Житие

Свети Василиј Острошки

Свети Василиј се родил во с. Мркоњиќ, Попово Поле во Хумската земја (денешна Херцеговина) на 28 декември 1610 година од благочестиви и верни родители, Петар и Анастасија Јовановиќ. Уште како дете се одликувал со бистар ум, а со душата бил целосно насочен кон Бога. Доблестите и набожноста младиот Стојан (тоа му било световното име) ги научил дома, бидејќи во неговото семејство постојано се мислело на Бога и спасението на душата, многу повеќе отколку на материјалните и пропадливи нешта. И макар што неговото семејство било доста сиромашни, сѐ што имал бил учен да го сподели со другите, посебно кога како мало овчарче одел на пасење со другите деца. Уште како мал постел, се молел и редовно ги посетувал црковните богослужби.

Некои соседи, потурчени Срби, ги замразиле неговите родители, и таа омраза ја пренеле и врз нивното дете, поради неговата побожност. Тоа биле првите искушенија за младата душа, едно од првите со кои ќе треба да се справува низ целиот негов живот. За да го заштитат од непријателите, а и сакајќи да го описменат, неговите родители решиле да го испратат во најблискиот манастир, наречен Завала, посветен на Воведение на Пресвета Богородица, а во која игумен бил неговиот чичко Серафим. Манастирот бил познат низ цела Херцеговина и бил поприлично богат, и таму благоразумниот Стојан се поучувал со мудроста на Светото Писмо и светите отци, у душата му се распламтила во љубовта кон Бога, за прв пат јавувајќи се кај него желбата за замонашување. Во манастирот во Завала преподобниот останал некое време, и потоа заминал во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Тврдош, во Требињскиот крај кој бил седиште на истоимената епархија. Живеејќи во овој манастир, Стојан уште повеќе го засакал монашкиот живот и ги зголемил своите подвизи, затоа што посакал токму таму да го прими светиот и ангелски монашки чин. Целото време го минувал во пост, молитва и бдение, и во телесен труд. На замонашувањето, го прима името Василиј. Ова име му служело како патоказ за идното подвижништво и епископство, да се угледа на големиот црковен ереј Василиј Велики.

После некое време преподобниот се удостоил за ѓаконски и свештенички чин, при што служел пред престолот и жртвеникот Божји побожно и чисто. Откако поседол во манастирот во Завала, се упатил во Црна Гора кај тогашниот митрополит цетињски Мардариј кој го задржал при себе. Но набрзо помеѓу нив се развило нетрпение поради латинското влијание, и одговорот кој требало да следи на истото. Имено, во тоа време, во западните краеви на Православието, зајакнала латинската папска пропаганда, која преку језуитите ја користела тешката положба во која се наоѓале народите кои живееле на тие простори сакала да ги преобрати и потчини под папска власт. На нивната подлост внимание обратил свети Василиј, кој му го посочил проблемот на митрополитот. Митрополитот, пак, за разлика од младиот ревнител, имал многу благ став кон унијатската пропаганда и обидите за латинизација воопшто. Благодарение на чистата и искрена вера, и приврзаноста кон Православието на светителот, православниот народ и свештенството од тие краишта не подлегнале на пропагандата. Св. Василиј го советувал митрополитот борбено да истапи против латинските обиди, и да не се плаши од ништо кога станува збор за одбрана на чистотата на Православната вера, ни митрополитот не го послушал, и напротив, започнал лажно да го обвинува пред народот. Народот не верувал на клеветите на митрополитот, но свети Василиј, сакајќи да се оддалечи од сето злобно окружување во кое се наоѓал, се вратил во манастирот во Тврдош, и таму продолжил со својата борба за зачувување на Православната вера кај верниот народ. И иако примил архимандритски чин, не престанал да оди по народот, да го поучува и поткрепува во неговите маки, сееј и го Евангелското слово. Неговото дело не минало незапазено ниту од околните муслимани, кои ковале заговор против него и сакале да го убијат. За привремено да се заштити, светиот заминал во Русија, каде поминал некое време, за подоцна да се врати повторно во својот манастир. Враќајќи се од Русија, донел мнгоу богати црковни дарови, свети одежди и црквени книги, а и по малку амтеријална помош за својот народ. Неговото ново, ктиторско делање по манастирите и црквите низ Херцеговина, за што ги охрабрувал и своите собраќа и свештеници, заедно со проповедањето, му создале нови непријатели помеѓу потурчените луѓе, како и латинските агенти. Сакајќи и овој пат да ја одбегне нивната злоба, решил да се упати на Света Гора.

Химнографија

Тропар

глас четврти
Од младоста целиот си се предал на Господа,
престојувајќи во молитви, трудови и постење, оче богоносен;
на своето стадо си му бил образец на добродетелта, заради тоа,
Бог откако ја виде твојата добра волја, те постави пастир на својата Црква и добар архиереј,
и по твоето преставување го зачува твоето свето тело негнилежно, светителу Василие;
затоа, имајќи смелост, моли го Христа Бога да се спасат нашите души.

Надворешни врски