Отвори го главното мени

Православна-енциклопедија β

Свети Агатангел Битолски

Податоци за Свети Агатангел Битолски има многу малку, а оние кои ги има ги наоѓаме на кивотот со неговите свети мошти. Во овој натпис читаме:

“Оваа света глава му припаѓа на новомаченикот Агатангел, којшто пострада маченички во 1727 година од следнава причина: Кога сите Агарјани имајќи си зол обичај во трите дена на бајрам да го потурчуваат секој христијанин што ќе го најдеа, тој не можеше да го поднесе тоа, па замина во царскиот сарај, притоа сочинувајќи и ферман и со Божјо содејство-тие попуштија. Оние, пак, кои не го поднесоа ова, го убија, а главата негова беше воскресната во дните на кир Григориј Пелагониски и од ереите кои беа тогаш: сакелариј поп Георгиј, како и сакелиите поп Георгиј, поп Христо, поп Трајан, поп Наум, поп Вангел, поп Васил, поп Георгиј. 1827, февруари 25.”

Од овој натпис се гледа дека свети Агатангел пострадал откако дошол во судир со екстремните исповедници на исламот затоа што се спротивставил на присилното исламизирање на христијаните. Подоцна, врз основа на документи од тоа време, а можеби и преку усно предание, во 1827 година, бил составен натписот за причините за неговото погубување што се наоѓа на кивотот со неговите мошти.

Што се однесува на македонското потекло на свети Агатангел, податоци наоѓаме во неговата служба, составена од јеромонах Атанасиј Симоно-петријски. Во синаксарот пишува: “Во дваесет и седмиот ден од месецот февруари, помен празнуваме на светиот и прославен новомаченик Агатангел, од меч пострадан во Битола Македонска, во летото Спасителово 1727.”

Надворешни врски