Промени

Прејди на: содржини, барај

Свети Јован Кукузел

Одземени 120 бајти, 08:42, 8 мај 2017
с
Денот на празнување е преместен на почетокот.
'''Свети Јован Кукузел''' е светител кој бил средновековен црковен пејач и композитор (13-14 век), музички теоретичар и реформатор на византиското нотно писмо. Бидејќи бил надарен со прекрасен глас, неговите современици го нарекуваат Ангелогласниот. Неговиот спомен се празнува на 1/14 октомври.
Се стекнува со образование во императорското пејачко училиште во Константинопол, Византија. Потоа оди во [[Света Гора]], каде што живее до крајот на својот живот. Од времето на неговиот престој во Константинопол доаѓа и неговото име - "Кукузел". Кога бил во помладите години, кога го запрашале што јадел, тој одговорил "кукија ке зелија" (на грчки:κουκιά καί ζέλια), обидувајќи се да каже на грчки "грав со зелка". Ја обновува византиската музика со словенска интонација. Создава две реформи - ја воведува повеќегласноста и го усовршува старото нотно писмо.
На 15 јануари 2007 во Бигорскиот манастир пристигнале светите мошти на св. Јован Кукузел. Моштите пристигнале преку [[Манастир Голема Лавра]] и манастир на Светото Преображение во Бостон (каде се чува целиот череп, и поголем дел од моштите). Тие се подарок во чест на тоа што во родните краишта на св. Јован Кукузел му е подигнат параклис (во метохот на св. Георгиј Победоносец, во с. Рајчица, Дебарско). Веднаш по пристигнувањето, моштите се ставени во чист пчелин восок и вградени во сребрена кутија.
 
Во Македонија се прославува на 14 октомври, а додека Бугарската православна црква го прославува на 1 октомври.
[[Категорија:Светители]]
[[Категорија:Бугарски светители]]
[[Категорија:Македонски светители]]
3.103
уредувања

Прегледник