Свети Јован Крстител

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 10:50, 5 септември 2009; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (Мачеништво)
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е никулец (односно има потребна од понатамошно уредување и обработка). Помогнете да ја прошириме оваа статија.

Свети Јован Крстител (грч: Ιωάννης ο Βαπτιστής) - е пророк кој се родил шест месеци пред Христос, наречен Предтеча поради неговата објава на веста за доаѓањето на Месијата (види Мк 1,2). За Јован самиот Спасител рекол дека е најголем меѓ родените од жена (Мт 11,11) и дека до него се „законот и пророците“ (Лк 16,16), а од него па натаму Царството Божјо се проповеда со Евангелието.

Светото Писмо за Јован Крстител

Раѓањето и службата на светиот Христов предтеча ги претскажале пророците Исаија (40,3) и Малахија (4,5), како и самиот архангел Гавриил (Лк 1,5-15). Јовановото рождество детално го изложил светиот евангелист и апостол Лука (1,1-80). Својата младост, св. Јован ја поминал во пустина (Мт 3,4; Мк1,1) сѐ до појавувањето пред народот. Во својата триесетта година започнал да проповеда во јудејската пустина и да го повикува народот кон покајание: „Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно“ (Мт 3,2) и „излегуваа пред него Ерусалим и сета Јудеја, и сета околина Јорданска.“ (Мт 3,5-6) Според евангелистот Лука, Јован ја започнал својата проповед во 15 година од царувањето на Тивериј, во времето на јудејскиот намесник Понтиј Пилат и Ирод Антипа. Првичното место на служба му била јорданската пустина, а потоа јорданскиот брег. Она што тој постојано го нагласувал е дека неговото крштение со вода е само подготовка за пречекот на Месијата, и дека Месијата Кој доаѓа е поголем од него. А токму Христос доаѓа на Јордан со барање да биде крстен, за да „ја исполни секоја правда.“ (Мт 3,15) Јован Го крштева Исус и Го претставува на народот како „Јагне Божјо кое на себе ги зема гревовите на светот“ (Мт 3,13-17) и за да „ја исполни секоја правда.“ (Мт 3,15 и Мк 1,9-11) Јован за Христос сведочелл како за вистински Бог и Син Божји и Спасител на светот (Кн 1,15-18, 19-38, 35-37 и Мк 1,9-11), при тоа вршејќи ја својата служба во „духот и силата на Илија.“ (Лк 1,17). Себе се сметал за недостоен да ги „одврзе ремчињата на неговите обувки“ (Јн 1,27)

Мачеништво

Како нестрашлив проповедник на богоморалниот живот, свети Јован не се воздржувал од упатување прекори на царот Ирод Антипа поради неговиот незаконски брак со Иродијада, жената на својот полубрат Филип (Мк 6,17), која во бракот ја донела и нејзината ќерка од претходниот брак (Светото Предание сведочи дека нејзиното име е Салома, Саломе). Поради тоа, Ирод го фрлил во темница во тврдината Махир, во пустината, и сакал да го убие. Од тоа го одвраќала помислата на народот, за кој свети Јован „важеше за пророк“ (Мт 14,5). На иродовиот роденден, за време на гозбата, Салима со своето танцување го воодушевила Ирод, кој пред сите ветил дека ќе ѝ подари сѐ што ќе посака, „па дури и половина царство“ (Мк 6,21-23). Откако мајка ѝ ја советувала, Салома ја побарала главата на светиот Јован Предтеча, и царот ѝ ја исполнил желбата: џелат му ја отсекол главата на славниот Христов пророк, и ѝ ја дал на девојката, а таа на својата мајка. Дознавајќи за тоа, учениците јованови го погребале остатокот на неговото тело. (Мт 14,6-12; Мк 6,21-29).

Иконографија

Празници

  • Богојавение
  • Иванден
  • Отсекување на главата на свети Јован Крстител
  • I и II наоѓање на главата на св. Јован Предтеча
  • III трето наоѓање на главата на св. Јован Предтеча