Света маченичка Сузана

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 10:44, 21 август 2007; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (New page: Ќерка на римскиот презвитер Гавиниј, а внука на папата Гај. Гај и Гавиниј беа од царски род и роднини на ...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај

Ќерка на римскиот презвитер Гавиниј, а внука на папата Гај. Гај и Гавиниј беа од царски род и роднини на тогашниот цар Диоклецијан. Овој цар имаше некој посинок Максимијан Галериј, којшто сакаше да се ожени со Сузана. Но Сузана Му беше целата предадена на Господ Христос и не сакаше воопшто ни да слушне за брак, а особено не за брак со некрстен човек. Оние што ја просеа за царскиот син, големците Клавдиј и Максим, Сузана ги обрати во Христовата вера, нив и нивните цели домови. Разјарен заради ова, царот нареди та џелатите ги одведоа Клавдиј и Максим со нивните семејства во Ости, каде што ги изгореа на оган и пепелта од нив ја фрлија во морето. Сузана пак, беше убиена со меч во куќата на Гавиниј. Жената на царот, Сирена, потајна христијанка, ноќе го зеде телото на маченичката и чесно го погреба. А папата Гај ја претвори онаа куќа во којашто ја погубија Света Сузана во црква и во неа служеше служби. Наскоро по страдањето на оваа Христова невеста пострада и нејзиниот татко Гавиниј и чичко ѝ, папата Гај. Чесно пострадаа за Христа и примија венци на невенлива слава во 295 и 296 година.


Изворниот материјал користен за креирањето на оваа статија е заштитена содржина © од Македонската Православна Црква.

Администраторите на страницата на Македонската Православна Црква го дадоа нивниот благослов за користење на овие материјали за потребите на Православната енциклопедија (од страна на администраторите и соработниците), при што е потребно да се нагласи изворната содржина, односно да се постави врска кон оригиналната страница.

Статијата може да биде променета и надополнета од страна на администраторите, соработниците и корисниците на OrthodoxWiki.