Промени

Прејди на: содржини, барај

Рождество Христово

Додадени 1.243 бајти, 14:40, 2 јуни 2008
с
Надворешни врски: el
Божик е празнување на спасението на светот извршено преку Синот Божји, Којшто поради нас постана човек, и преку Кого ние самите можеме да постанеме синови на Бога Отецот, преку присуството на Светиот Дух во нас. Поради сето ова, Божик е празник на радоста и љубовта. Тој заради Својата неизмерна љубов и човекољубие дојде за да нѐ обогати и обожи; така и ние треба да се свртиме кон ближните и да ги обогатиме со својата љубов и добрина. Како што Христос, доброволно се осиромаши за нас, и ние треба да тргнеме по тој пат. Во тој дух на радост, љубов и сиромаштво, треба да се празнува овој навистина голем празник. Но исто така, Божик е и празник на мирот. Во нас треба да се всели Христовиот мир и да помогнеме да го шириме меѓу луѓето. Од овој настан во историјата на човештвото започнува новата, наша Христијанска ера и броењето на годините.
== Празнување на Божик Рождеството на Господ Исус Христос ==
Рождеството Христово се слави на 25 декември. Но, во првите три века овој празник не се славел посебно, туку заедно со Христовото Крштение или Богојавление (Епифанија). Во почетокот, многу внимание не се посветувало на овој празник, колку што се посветувало на Богојавление, односно Крштевањето на Господа Исуса Христа, а тоа е поради тоа што во животот на човекот се обрнувало повеќе внимание на денот на неговото крштевање, како духовно раѓање за живот, отколку на телесното раѓање, кое е за смрт. Кога во четвртиот век по Христа започна празнувањето на овој свет ден, Христијанството наиде на отпор од празнувањето на паганскиот празник посветен на непобедливото сонце, а кој се празнуваше околу зимската краткоденица. И токму затоа Црквата реши Рождеството да го празнува токму на тој ден, за да се надмине идолопоклонското празнување на Сонцето, а да се слави вистинското Сонце на Правдата - Христос Богочовекот. Во Црковната [[химнографија]] за овој празник лесно се согледуваат овие одлуки. Празнувањето на Божик е обликувано според [[Велигден]]; затоа пред Божик е востановен и подготвителен четириесетдневен [[пост]].
На богослужбите спроти Божик се читаат старозаветните пророштва на Михеј, кој претскажал дека Спасителот ќе се роди во Витлеем, и пророкот Исаија кој Го претскажал и Ликот на Месијата: „''Затоа Самиот Господ ќе ви даде доказ: ете, *Девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе Му дадат името Емануел.''“ (Ис.7,14). „''Зашто Младенец ни се роди - Син ни се даде; власта е на рамењата Негови, и ќе Го наречат: Советник, Чудесни, Бог силен, Отец вечен, Кнез на мирот. Неговата власт и мирот бескраен ќе растат врз престолот на Давида и во царството негово, за да го утврди Он и да го зацврсти преку суд и прада отсеа па довека. Тоа ќе го направи ревноста на Господа Саваота.''“ (Ис. 9,6-7)
Утрената започнува со ангелскиот поздрав: ''Слава на Бога на висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја!'' Евангелието според Матеј раскажува за Христовото Рождество, а апостолот се чита од Посланието до Галатјаните.
==Рождеството Христово во Светото Писмо==
===Кондак===
: ''глас трети''
: Дева денес Надсуштествениот Го раѓа Оној Кој постои отсекогаш : и земјата Му ја принесува пештерата пештера на Непристапниот, : ангелите со пастирите славословатславословуваат, а мудреците со ѕвездата патуваат, : зашто , заради нас се роди Младенец, Предвечниот Бог.===Величание===: Те Величаме,/ Животодавецу Христе,/ : кој заради нас сега со плот се роди/ : од Неневестната// и Пречиста Дева Марија. ===Задостојник===: ''глас први'': Величај ја, душо моја,: Почестната и Пославната од горните војски, : Дева Пречистата, Богородица.// : Заради стравот, полесно е да го сакаме - како безбедно - молчењето, : со љубов пак, Дево, песни да ткаеме, срдечно составени, не е лесно; : но и, Мајко, сила, како што сакаш, дај.
==Надворешни врски==
* [http://mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=2163 Статијата за Рождество Христово на страницата на МПЦ]* [http://preminportal.com.mk/content/view/975/60/ Христовото раѓање, дел I, Митрополит Навпактос Јеротеј Влахос]* [http://preminportal.com.mk/content/view/976/60/ Христовото раѓање, дел II, Митрополит Навпактос Јеротеј Влахос]
[[Категорија:Празници]]
[[Категорија:Избрани статии]]
[[el:Χριστούγεννα]]
[[en:Nativity]]
[[ro:Crăciun]]
9.194
уредувања

Прегледник