Пресвета Троица

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 12:28, 10 мај 2009; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (Света Троица во Христијанството)
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е дел од серијата
Вовед во
Православието
Пресвета Троица
Бог Отец
Бог Син
Бог Свет Дух
Свето Предание
Свето Писмо
Символ на верата
Вселенски собори
Свети Отци
Литургија
Канони
Икони
Православна Црква
Еклисиологија
Историја
Свети Тајни
Уреди ја кутијата
Оваа статија е никулец (односно има потребна од понатамошно уредување и обработка). Помогнете да ја прошириме оваа статија.

Пресвета Троица (грч. Τριάς) е Единиот Бог во Три Лица. Православното учење за Света Троица не е само догматски канон или теолошка област за разгледување, туку и основното изрично учење за неискажливата и несфатлива љубов на Трите Ипостаси: Отец, Син и Свет Дух, Кои се творечка сепричина, извир, темел и центар на постоењето на сѐ што постои. Догмата за божеството на Троица е дефиниран на Вториот вселенски собор (Константинопол, 381 година) во првиот член (Отец), од вториот до осмиот член (Син) и во осмиот (Светиот Дух) член на Никео-Цариградскиот Символ на верата.

Света Троица во Стариот Завет

Во Стариот Завет Бог, покрај својата исклучиво монотеистичка појава и објава, Се откривал и како Троица, но не директно и очигледно, туку нејасно, повеќе како сенка и праслика, праобраз на троичноста која на човештвото му се открива со Воплотувањето на втората Ипостас на Пресвета Троица. Тие нејасни сведоштва се запишани во Стариот Завет преку следните праслики:

  • Советот на Света Троица при создавањето на човекот: „Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме Ние“ (1 Мој 1,26)
  • Тројното ангелско воздигнување на славата на Света Троица: „Свет, Свет, Свет Господ Саваот“ (Исаија 6,3)
  • Доаѓањето на троица луѓе кај дабот Мамвре, и Гостопримството Авраамово (1 Мој 18,1-2)
  • Споменувањето на Логосот Божји во Псалмите (Пс 106/107,20; Пс 118/119,89)
  • Споменувањето на Духот Божји (Пс 32/33,6; Пс 103/104,30-31; Јов 33,4)

Света Троица во Христијанството

Уште во раната христијанска Црква била вкоренета верата во Божјата троичност, која на апостолите им ја предал Господ Исус Христос, како заповед да одат и да ги подучуваат сите народи, крштевајќи ги „во името на Отецот и Синот и Светиот Дух“ (Мт 28,19). Значи, не станува збор за три бога, туку за три божествени Лица, кои единосуштно и неразделиво ја чинат Света Троица. Лицата, (од IV век, преку Кападокиската богословска школа се нарекуваат ипостаси) помеѓу Себе се разликуваат само по личните својства: Бог-Отецот ниту се раѓа, ниту исходи од некого, туку Тој раѓа; Бог-Синот предвечно се раѓа од Отецот, а Светиот Дух предвечно исходи од Отецот. Голема улога во прецизирањето на догмите за Света Троица имаат светите оци, философи на Православната Црква св. Атанасиј Велики, Кирил Александриски, Григориј Богослов, Василиј Богослов, Максим Исповедник, Јован Дамаскин, Григориј Палама, Симеон Нов Богослов и др.

Токму овие „доктори на учењето на Црквата“ го усвоиле Православното богословско учење за Пресвета Троица, и тоа најчесто како одговор на искривувањата кои се јавувале низ времето. Резимирано, богословието на Црквата од Исток укажува дека Бог е една суштина во три испостаси и една заедничка енергија на трите ипостаси. Суштината (ουσία) и енергијата (ενέργεια) ја сочинуваат Божествената природа (φΰσιζ). Секоја ипостас (ΰπόστασις) има севкупна суштина, каква што ја има и Божеството, и исто така ниту енергијата не се дели на енергија на Отецот, енергија на Синот и на Светиот Дух, туку е заедничка и единствена за сите ипостаси. Помеѓу Света Троица постои меѓуипостасно движење или перихореза (совршено исполнување). „Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“).

Вистината за постоењето на Света Троица не е логична претпоставка која треба да се докаже по пат на логички силогизми. Бог, чија суштина е недостижна за човечкиот разум кој е ограничен, можеме да Го познаеме само онолку колку што Тој Самиот Себе ни Се открива. Токму затоа Православието е Откровение и дејство на Света Троица, изразено преку полнотата на битието, смисолот и целта на постоење.

Учењето за Света Троица