Преподобна Таиса

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 11:00, 1 ноември 2007; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (New page: Преподобна Таиса беше покајана грешничка. По раѓање Мисирка. Како Св. Пелагија, така и Таиса ја помина ...)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај

Преподобна Таиса беше покајана грешничка. По раѓање Мисирка.

Како Св. Пелагија, така и Таиса ја помина младоста во разуздан блуд. На тој зол пат беше упатена и од нејзината бесрамна мајка. Но Бог Којшто е милостив и не ја сака смртта на грешниците ниту нивната пропаст туку спасението, најде начин со Својата чудесна Промисла да ја спаси грешната Таиса. Еден од учениците на Св. Антониј Велики, Пафнутиј Сидонит, слушна за Таиса, за нејзиниот грешен живот и за душевниот отров со којшто таа им ги труеше душите на многумина, па реши, со Божја помош, да ја спаси. Пафнутиј се преоблече во световна облека, зеде еден златник и отиде в град, ја најде Таиса и ѝ го даде златникот. Мислејќи дека човеков ѝ го дава златникот за нечисто дело, Таиса го одведе Свети Пафнутиј во својата соба. Тогаш тој ги отвори своите благодатни усни и ги изобличи нејзините гревови и ја повика на покајание. Душата и совеста на Таиса се разбудија и таа се облеа во солзи на длабоко срдечно покајание. Го раздаде сиот свој имот на бедните, според упатството на Св. Пафнутиј се упати во еден женски манастир и остана таму три години, затворена во една келија, живеејќи само на леб и вода. Пред смртта ја посети Св. Пафнутиј и наспроти нејзината волја ја изведе од келијата. Таа набрзо се разболе и по кратко боледување Му ја предаде својата очистена и осветена душа на Бога.

Свети Павле Препрости, којшто е исто така ученик на Св. Антониј Велики, ја виде во видение прекрасната обител приготвена од Бога во Рајот за Св. покајничка Таиса. Оваа света душа се упокои во 340 година.


Изворниот материјал користен за креирањето на оваа статија е заштитена содржина © од Македонската Православна Црква.

Администраторите на страницата на Македонската Православна Црква го дадоа нивниот благослов за користење на овие материјали за потребите на Православната енциклопедија (од страна на администраторите и соработниците), при што е потребно да се нагласи изворната содржина, односно да се постави врска кон оригиналната страница.

Статијата може да биде променета и надополнета од страна на администраторите, соработниците и корисниците на OrthodoxWiki.