Преподобен Роман Слаткопоец

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 12:39, 13 октомври 2007; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (Креирање на статија)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Прејди на: содржини, барај

Родум од сирискиот град Емес. Служеше како еклисијарх најпрво во Бејрут, а потоа во соборната црква во Цариград, во времето на патријархот Ефтимиј (490 г. – 504 г.). Беше неписмен и невешт во пеењето, заради што некои клирици му се потсмеваа. Свети Роман плачејќи и’ се молел на Пресвета Богородица и Таа му се јавила во сон, му пружила некој голем свиок хартија и му рекла да го проголта.

Утредента осамна Божик и Роман излезе на амвонот и со ангелски глас испеа „Дјева днес...“ Сите беа восхитени од содржината на песната и од гласот на певецот. Откако го прими од Пресвета Богородица поетскиот дар, Роман испеа над илјада кондаци. Како ѓакон на големата црква се упокои во 510 година во Цариград и се пресели меѓу ангелските хорови.


Изворниот материјал користен за креирањето на оваа статија е заштитена содржина © од Македонската Православна Црква.

Администраторите на страницата на Македонската Православна Црква го дадоа нивниот благослов за користење на овие материјали за потребите на Православната енциклопедија (од страна на администраторите и соработниците), при што е потребно да се нагласи изворната содржина, односно да се постави врска кон оригиналната страница.

Статијата може да биде променета и надополнета од страна на администраторите, соработниците и корисниците на OrthodoxWiki.