Преподобен Прохор Пчински

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Преподобен Прохор Пчискки е роден во првата половина на 11 век од побожни родители, Јован и Ана во околината на Овче Поле. Според житието, Прохор многу рано ги изучи мудростите од книгите и во сѐ беше подобар од неговите врсници. Среде духовно восхитение тој заминал во Нагоричанската пештера (источно од Куманово) близу до денешниот манастир во Старо Нагоричане, каде го сретна ловецот Диоген. Гледајќи го, св. Прохор Пчињски му предвидел дека ќе биде цар, и му рече: „сети се на мене кога ќе бидеш цар“. Тоа се обвистинило, и ловецот навистина стана византиски цар Роман IV Диоген (1067-1071).

После тоа, пустиножителот Прохор се подвизувал триесет години на планината Козјак, во енда мала пештера. Тука и се претставил на Бога после шеесет и две години на испоснички живот.

После триесет години преподобен Прохор во сон се јавил на царот Диоген и го опомена со зборовите: „Зошто, Диогене, заборави на твоите пречесни одежди и на мене, старецот? Погрижи се барем мал храм да ми подигнеш.“ Царот го обзеде страв, и заедно со патријархот и придружбата појде во жеглиговскиот крај во Нагоричане да го бара старецот. Бидејќи тука не го најде, замина на планината Козјак. После многудневна потрага ја пронајдоа пештерата и во неа моштите на св. Прохор Пчински. На тоа место царот издигна храм посветен на светиот апостол Лука, а десно од реката и храм посветен на преподобниот. Во истиот тој храм, десно од олтарот, ги положи и моштите на Прохор и од нив потече свето миро. Дел од моштите царот ги однесе во Цариград, дел на други места, а дел останаа во истиот храм, во манастирот.

За чудата кои овој преподобниот Прохор ги имал направено за време, а и после неговиот живот, постојат многу сведоштва, посебно за неговите чудотворни мошти од кои и ден денес истекува свето миро.

Православната црква овој светец го празнува на 1 ноември, односно 19 октомври според Јулијанскиот календар.