Промени

Прејди на: содржини, барај

Преподобен Максим Исповедник

Одземени 809 бајти, 13:47, 3 февруари 2008
с
Житие
Во 647 г. Преподобен Максим се вратил во Африка. Таму, на сборите на епископите, монотелитството било осудено како ерес. Во 648 г. наместо “Ектесисот” излегол нов указ, кој што константинополскиот патријарх Павле го составил по порака од Константин - “Типос” - “Образец на верата”, кој забранувал секакви расудувања сеедно дали за една волја, или за двете волји при признавање на две природи на Господ Исус Христос. Тогаш Преподобен Максим се обратил кај папата Мартин I, кој го сменил папата Тодор Римски (649 - 654) со барање да го изнесе прашањето за монотелитството на соборно разгледување од целата Црква. Во октомври 649 г. бил собран Латеранскиот Собор, на кој присуствувале 150 западни епископи и 37 претставници на Православниот Исток, среде кои бил и Преподобен Максим Исповедник. Соборот го осудил монотелитството, а неговите заштитници, Константинополските патријарси Сергиј, Павел и Пир, биле предадени на анатема.
Кога Констанс II ја добил определбата од Соборот, тој заповедал да ги фатат и папата Мартин, и преподобниот Максим. Таа заповед била исполнета за пет години, во 654 година. Преподобен Максим го обвиниле за предавство на татковината и го затвориле во затвор. Во 656 г. тој бил испратен во Тракија, а потоа повторно доведен во Константинополскиот затвор. Преподобниот и двајцата негови ученици ги подложиле на најжестоки испрашувања: на секого од нив му ги отсекле јазикот и десната рака. Потоа ги испратиле во Колхида. Но, таму Господ јавил неизречено чудо: сите тие добиле способност да говорат и да пишуваат. Преподобен Максим го предскажал своето упокоение (+ 13 август 662 г.). Во грчките пролози на 13 август се укажува како на датум кога се пренесени неговите мошти во Константинопол. Тоа веројатно е сместено во датумот на упокението на преподобниот. Восстановувањето на споменот на 21 јануари е заради тоа што одданието на празникот Преображение Господово се празнува на 13 август. Над гробот на преподобен Максим ноќе се запалувале три чудесно појавени светилници и се извршувале многу исцелувања.  == Богословско творештво == Преподобен Максим Исповедник на Црквата и’ оставил големо Богословско наследство. Неговите екзегетски трудови содржат објаснувања на тешки места во Свештеното Писмо, толкувања на Господовата молитва и 59-от псалм, схолии кон творбите на свештеномаченикот Дионисиј Ареопагит. Во екзегетика спаѓа и објаснувањето на Богослужењата, насловено “Мистагогија” (”Вовед во тајната”).
Во догматските трудови на преподобниот спаѓаат: неговото изложение на расправата со Пир, неколку трактати и писма до различни лица. Во нив се содржи изложување на Православното учење за Божествената суштина и (Божествените) ипостаси, за Боговоплотувањето и за обожението на човечката природа.
„Ништо во обожението не е производ на природата – напишал Преподобен Максим во писмото до својот пријател Таласиј – зашто, природата не може да го поими Бога. Единствено само Божјата милост е способна да им дава обожение на битијата… Човекот (Божјиот образ) во обожението се уподобува /станува сличен/ на Бога, тој се радува на изобилствто на сè, што му припаѓа според природата, бидејќи благодатта на Духот торжествува во него и бидејќи Бог дејствува во него” (писмо 22). На Преподобен Максим му припаѓаат и антропологиски трудови. Тој ја разгледува природата на душата и нејзиното свесно-лично суштествување по смртта на човекот. Меѓу наравствените /етичките/ творби особено се важни “Главите за љубовта”. Преподобен Максим напишал и три химни во најдобрите традиции на црковната химнографија, кои имаат почеток од светителот Григориј Богослов.
Богословието на преподобен Максим Исповедник е заосновано на духовното искуство на знаењето на големите отци - пустиници, ја ползува вештината на диалектиката, изработено е врз предхристијанската философија, а било продолжено и развиено во трудовите на преподобен Симеон Нов Богослов

Прегледник