Празници

Од Православна-енциклопедија
Преработка од 07:55, 6 февруари 2010; направена од Iacovibus (разговор | придонеси) (Неподвижни празници)
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е никулец (односно има потребна од понатамошно уредување и обработка). Помогнете да ја прошириме оваа статија.

Празници (грч: Μεγάλες Εορτές) опфаќа посебна група на поголеми празници во Црковната богослужбена година кои се одликуваат со своето значење и начин на кој се врши богослужба. Во Типикот се обележени со знак на крст во круг у за нив се врши бдение и сета служба уредена по уставот. Се делат на подвижни (кои зависат од денот на празнување на Пасха) и неподвижни празници (кои имаат непроменлив датум на празнување).

Во Групата на овие празници спаѓаат: Рождество (24 јуни) и Отсекување на главата (29 август) на свети Јован Крстител, празниците на светите апостоли Петар и Павле (29 јуни), како и 12 големи Господови и Богородични празници од кои девет се неподвижни - Рождество на Пресвета Богородица (8 септември), Воздвижение на Чесниот Крст (14 септември), Воведение во храмот на Пресвета Богородица (21 ноември), Рождество Христово (25 декември), Богојавление (6 јануари), Стерение Господово (2 февруари), Свето Благовештение (25 март), Преображение на Таор (6 август), Успение на Пресвета Богородица (15 август), и три подвижни, Влегување во Ерусалим, Вознесение Господово и Педесетница. (забелешка: датумите на сите претходно наведени празници се дадеви во стар стил). Како голем празник се означува уште и Обрезанието Господово (1 јануари).

Воскресението Христово не спаѓа во оваа група на празници затоа што со своето значење и големина ги надминува сите поделби, истовремено бивајќи празник над сите празници и извор на сите празнувања.

Значење

Поделба на празниците

Неподвижни празници

Датумите се прикажани по стар стил.

Јануари Февруари Март Април
01. Обрезание Господово
05. Водокрст
06. Свето Богојавление
07. Собор на св. Јован Крстител
15. Свети Гаврил Лесновски
16. Чесни вериги на св. ап. Павле
17. Свети Антониј Велики
17. Св. Атанасиј и Кирил Александриски
25. Свети Григориј Богослов
30. Свети Три Иерарси
01. Св. Трифун
02. Сретение Господово
3. Св. Симеон Богопримец и прор. Ана
10. Св. свешт-мч. Харалампиј
11. Свети Георгиј Кратовски
14. Упокојување на св. Кирил Солунски
24. I и II обретение на св. Јован
27. Свети Агатангел Битолски
09. Св. 40 мч-ци во Севастија
12. Св. Григориј Двоеслов
12. Св. Симеон Нов Богослов
17. Преп. Алексиј човек Божји
25. Свето Благовештение
26. Собор на св. архангел Гавриил
30. Преп. Јован Лествичник
01. Света Марија Египетска
06. Упокојување на св. Методиј Солунски
23. Св. вмч. Георгиј Победоносец
25. Св. ап. и и евангелист Марко
27. Св. ап. Симеон, брат Господов


Мај Јуни Јули Август


Септември Октомври Ноември Декември

Воскресни празници

Видете исто така