Правoславие

Од Православна-енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е никулец (односно има потребна од понатамошно уредување и обработка). Помогнете да ја прошириме оваа статија.

Православието е живот во живата вера на Православната Црква. Православната вера е верата која била предадена во рацете на светците, продолжена во Светото Предание на апостолите преку Христа, и одново постојано предавана од колено на колено (од претходна на следна генерација) без ниту една измена; ниту нешто било додадено, ниту одземено од Преданието.

Сржта на Православието е спасението на секоја човечка душа, преку обединувањето со Христа во и преку единствената Света Црква. Ова е Евангелието, Благовеста, дека Христос е Месијата, Спасителот, дека Тој воскресна од мртвите за да нѐ избави сите нас.

Бог

Христологија

Еклисиологија

Свето Предание

Богослужби

Свети Тајни

Антропологија

Сотириологија

Клир

Светци

[Пресвета Богородица]

Историја

Набрзо, откако учењето Христово почнало да се проповеда меѓу Незнабошците, следбениците на Христос во Антиохија биле наречени Христијани (Дела 11, 26). Поимот „Христијани” означувал дека оние кои го носат тоа име, му припаѓаат на Христа – припадност во смисла, на посветеност на Христос и неговото учење. Од Антиохија името Христијани било раширено на секаде.

Следбениците Христови на драга воља се нарекувале себе си според името на нивниот возљубен Учител и Господ; а непријателите Христови ги нарекувале Неговите следбеници Христијани, пренесувајќи ја на нив сета злоба и омраза која ја имаа кон Христа.

Но за брзо време се појавиле луѓе кои, иако себе си се нарекувале Христијани, по дух не биле Христови. За нив Христос претходно кажа: „Не секој што ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во царството небесно, а оној што ја исполнува вољата на Мојот Отец небесен” (Мт. 7, 21). Христос пророкуваше и дека мнозина ќе се прогласат себе си за Самиот Христос: „мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: Јас сум Христос!” (Мт. 24, 5). Апостолите во нивните посланија укажаа дека, уште во нивно време се појавиле лажни носители на името Христово: „И како што сте слушале дека ќе дојде антихрист, и сега веќе се појавија многу антихристи” (I Јов. 2, 18).

На ист начин, Христијанин, во строга смисла на зборот, е само оној кој го исповеда учењето Христово и живее според него. Назначувањето на Христијаните е за прославување на Небесниот Отец преку животот. „Така да засветли пред луѓето вашата светлина, та да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец Кој е на небесата“ (сп. Мт. 5, 16). Но вистинското прославување на Бога е можно, само ако правилно веруваме и го изразуваме нашето правилно верување во зборови и дела. Затоа, вистинското Христијанство може да се нарече „правилно-славење” (Православие). Преку зборот „Православие” го исповедаме нашето цврсто убедување дека токму нашата Вера е вистинското учење Христово. Кога некого или нешто нарекуваме Православно (ортодоксно), со тоа го покажуваме неговото нефалсификувано и нерасипано Христијанство, истовремено отфрлајќи го она што лажно му се припишува на името Христово.

Видете исто така

Надворешни врски

Извори

]]