Промени

Прејди на: содржини, барај

Православна-енциклопедија:Вести

Додадени 3.830 бајти, 17:45, 4 февруари 2014
Нова вест
== Достигнување на првиот поголем предизвик: 1000 статии ==
 
Во последните неколку години се забележа зголемена неактивност на проектот. Иако речиси секоја седмица има по неколку нови регистрирани членови, нивната ангажираност е еднаква на нула. И покрај тоа, македонската локализација на Православната енциклопедија ќе продолжи да се надградува. Во план е во 2014 година да се достигне првиот поголем предизвик - 1000 статии. Истовремено, ќе се работи на пдообрување на квалитетот на веќе постоечките статии, како и довршување на статиите-никулци.
--[[Корисник:Iacovibus|iacovibus]] 09:45, 4 февруари 2014 (PST)
 
== Втор роденден на македонската локализација на OrthodoxWiki ==
 
Со голема радост македонската локализација на OrthodoxWiki денес го прославува својот втор роденден. Токму пред 2 години, на денот на св. Атанасиј Атонски започна процесот на локализација, и до денес се креирани 556 страници. По тој повод, денес се креира и Fan page на социјалната мрежа Facebook, со цел полесна и поуспешна комуникација меѓу читателите и уредниците на OrthodoxWiki.
 
По молитвите на св. Атанасиј Атонски, св. Јован Дамаскин и св. влмч. Димитриј Мироточив да прославуваме уште многу родендени на православната енциклопедија, збогатувајќи го македонскиот православен кибер простор со квалитетни содржини од богатата православна ризница. --[[Корисник:Iacovibus|iacovibus]] 12:48, 18 јули 2009 (UTC)
 
== Додавање на кутија за празнење на серверска кеш меморија ==
 
Поради проблеми со кеш меморијата на Православната енциклопедија (а која генерално е својствена за wiki-страниците), на главната страница е додадена кутија каде се наоѓа врска која служи за празнење на серверската кеш меморија.
 
На неа стои испишан текстот: „Прикажи ја страницата без посредство на серверска кеш меморија“. На овој начин на гостите, односно ненајавените корисници ќе им биде овозможени да можат да ги видат и последните промени на Главната страница, на ист начин на кој тоа го можат најавените корисници. Ова е од особена важност за шаблонот Празници кој секој ден автоматски се менува на главната страница.
 
На овој начин, проблемот е решен делумно.
 
Во Христа,
: [[Корисник:Iacovibus|Iacovibus]] 15:29, 23 август 2008 (UTC)
 
== Француска локализација на OrthodoxWiki ==
Со голема среќа и задоволство ја примивме веста за новата, десетта по ред локализација на Православната енциклопедија. Се работи за новата локализација на [[:fr:Accueil|француски јазик]], која сега за сега, е во алфа фаза.
Bienvenue!Во Христа,
: [[Корисник:Iacovibus|Iacovibus]] 17:14, 8 април 2008 (UTC)
3.103
уредувања

Прегледник