Промени

Прејди на: содржини, барај

Педесетница

Додадени 39 бајти, 16:39, 2 јануари 2008
с
нема опис на уредувањето
[[Image:Pentecost.jpg|right|frame|Света Педесетница]]
[[Свети Јован Златоуст]] укажува дека на денот на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, Синот ги принесува „даровите на помирението“ на Бога на верните, преку Неговата жртва. Помеѓу Синот и Светиот Дух се остварува не само обична размена преку која Синот во залог ја зема нашата природа која истовремено преку [[Воскресение|Воскресението]] ја вознесува на небото, туку ни Го праќа и прославениот Христос и Светиот Дух покажувајќи го помирувањето помеѓу нас и Бог Отецот. Слегувањето на Светиот Дух е вистински знак на помирување, како што Неговото допирање било знак за гневот Божји. [[Свети Јован Богослов|Свети aпостол Јован Богослов]] тврди дека Светиот Дух не пребивал на земјата пред Христа, затоа што сѐ уште не можеоле да станува збор за помирување со Бога без Неговата жртва: „''А ова го рече за Духот, Кого ќе Го примат оние, кои веруваат во Него; оти Светиот Дух уште не им беше даден, бидејќи Исус уште не беше прославен.''“ (Јован 7,39) Поради тоа и самиот Спасител вели дека Неговото Вознесување е потребно за Духот да биде испратен како знак и дар на нашето помирување со Бога преку Неговата жртва: „''Но Јас вистината ви ја кажувам; подобро е за вас Јас да си отидам, оти, ако не си отидам, Утешителот нема да дојде при вас; ако, пак, заминам, ќе ви Го пратам.''“ (Јован 16,7) Според тоа, Духот сведочи дека сме преку Христос синови Божји по благодет: „''Самиот Дух му сведочи на нашиот дух, дека ние сме чеда Божји.''“ (Рим 8,16)
==Педесетницата и Црквата==
3.103
уредувања

Прегледник